Овен
Поради нагласената имагинативна моќ денес, пожелно е да се занимавате со уметност и други нешта за кои е потребна фантазија. Не трошете ја енергијата на работи на кои не можете да влијаете. Успех ги очекува Овните кои се занимаваат со уметност и креативна работа, додека практичните може да се соочат со извесни проблеми. Иако имате многу причини да бидете задоволни, некоја работа не ви дава мир.
Бик
Во добро расположение сте, подготвени на уживање и забава. Ќе имате понуда за унапредување на работната позиција, но иста така имате среќни моменти и на емотивен план. Посебна радост ви причинува партнерот. Благодарение на упорноста и тврдоглавоста, ќе постигнете исклучителни резултати. Ќе имате проблеми со жлездите и кожата, но, за среќа, тие се од минлива природа.
Близнаци
Се соочувате со суровата реалност. Трезвено размислувате, јасно знаете што сакате, но и сте свесни за причината поради што не можете да остварите некоја работа. Бидејќи ве очекуваат успеси во секој поглед, одете им во пресрет. Во емотивната врска или брак сте себични и размислувате на начин како што вам најдобро ви одговара, а тоа е извесно време да се дистанцирате.
Рак
Раковите се преокупирани со работа, филозофски теми, патувања, додека приватниот живот го запоставуваат. Моментално сте соочени со дилемата што се однесува на патување и на ново работно место. Бидејќи успешно ќе совладате некои препреки, расположението ќе ви се подобри, што значи и поактивен друштвен живот. Доколку процените дека љубовта има висока цена, засега нема да бидете спремни да ја платите. Избегнувајте незгоди.
Лав
Во некоја работа ќе вложувате голем напор, но ќе ви се исплати. Ситуацијата бара дејствување, приспособување на новите животни прилики и многу емотивни реакции. Продолжете со ова темпо со помош на Водолија и Стрелец. Тие имаат многу влијание на идните случувања. Послушајте го нивниот совет. Можни се полесни здравствени проблеми.
Девица
Бидејќи сте исклучително надарени, надевајте се на успех. Работата е под контрола, а наскоро ќе биде и саканото лице. Фокусирајте се на задоволување на потребата на емотивен план. При решавање на важните проблеми, треба да тргнете од себе. Очекувајте финансиска добивка.
Терезија
Уживате во убавите нешта, добрата храна, друштво и облека, но не претерувајте. Бидете внимателни со слатките, бидејќи од нив не заболуваат само забите, туку и крвните садови. Можно е да го користите хедонистичкиот пристап на животот како компензација и бегство од многуте нерешени проблеми. Треба само да и’ погледнете на вистината в очи. Акцентот повеќе ставете го на перфекционизмот и хармонијата отколку на случувањата од емотивниот живот.
Скорпија
Вложувате сила за да започнете важен потфат, а мотивирани сте за материјалните работи. Влегувате во успешен деловен период, додека емотивниот живот трпи. Не можете се’ да постигнете одеднаш. Сепак, не заборавајте го фактот дека без љубов не постои вистинска среќа.
Стрелец
Иако некои од вашите соработници се обидуваат да ја саботираат вашата работа, сепак, нема да успеат во тоа. Од тоа само ќе се изнервирате, но пробајте да го ублажите тоа чувство со пријатни активности. Повеќе шетајте и рекреирајте се. Уживајте во работите кои ви се значајни, а првенствено во личната слобода.
Јарец
Сакате да се ослободите од напнатоста, одлучувајќи се на брза и одлична акција. Нема работи кои не можете да ги решите на најдобар можен начин. Иако ситуацијата не е лесна и не ветува многу, тоа вам не ви пречи да се изборите. Сигурни сте во себе и во исправноста на своите постапки. Не бидете ранливи повеќе отколку што се очекува во дадената ситуација.
Водолија
Прекрасно се чувствувате, весели сте. Бидејќи ве очекуваат спокојни моменти, успешно ќе им се предадете. Деловните успеси ви ја зајакнуваат суетата, а емотивните уште повеќе. Запомнете го овој ден, бидејќи во скоро време нема да имате слично искуство. Единствен проблем ќе ви биде неконтролираното трошење пари.
Риби
Разумни сте и насочени кон работа. Нештата ви се под контрола. Продолжете со тоа темпо и ќе видите дека се’ може да биде онака како што сте замислиле. Со Стрелците и Близнаците добро функционирате. Прифатете и соработка со Девиците, бидејќи ќе ви понудат конструктивни предлози. Од останатите знаци тргнете се настрана. Здравјето малку ќе ви биде загрозено, а можни се и проблеми во домаќинството. Бидете внимателни.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!