Овен
На здрав начин се обидувате да соберете волја за задоволување на некои ваши потреби. Бидејќи се наоѓате во фаза на просперитет, пријатно се чувствувате, но може да се јави желба за трошење повеќе од вашите можности. Морате да се изборите против ова. Водете сметка за законските норми.
Бик
Нека не ве чуди желбата за правење необични нешта и случувања. Важно е да се чувствувате добро и да ви е пријатно тоа со што се занимавате. Некои бикови размислуваат за неверство. Партнерот ве налутил, па погрешните мисли се реакција на незадоволство.
Близнаци
Ви паѓаат напамет разни идеи, има многу желби и работи за кои се интересирате. Бидејќи сте навикнати одеднаш да размислувате за сите нешта, нема да биде лошо доколку вашата енергија ја насочите на конкретна работа. На тој начин ниту партнерот ниту соработниците нема да ви забележат за површноста.
Рак
Премногу верувате во своите квалитети, поради што станувате суетни и нескромни. Желбата за удобност и за дружење денес ви е особено нагласена. Само Лав може да ги задоволи вашите моментни копнежи и да ги разбере вашите интереси. Најдете го во списокот на телефонскиот именик, бидејќи на повидок е нова љубов. Пријатно ќе се чувствувате поради нечие внимание.
Лав
Успешно комуницирате со околината, ако не директно, барем ментално. Расположени сте да ги минете слободните моменти во нечие друштво. Поради желбата нешто да научите и да ви биде пријатно, ги активирате позитивните и ведрите особини.
Девица
Хиперактивни сте и подложни на влијанието од средината. Премногу сочувствувате со туѓите проблеми, што не е пожелно доколку се работи за тажни чувства. Затоа дружете се со весели луѓе, смејте се и кажувајте шеги. Само на тој начин ќе го подобрите расположението, кое ви е депресивно.
Терезија
Размислувате за судбината и барате одговор за она што ви се случува. Премногу време поминувате во анализирање на туѓите проблеми, така што се запоставивте себеси. Крајно време е да се соочите со фактот дека, сепак, вие сте најважни.
Скорпија
Бидејќи сте успеале да се изборите против еден Лав, сега ви останува да се занимавате со новонастанатите проблеми. Не мудрувајте, туку трошете ја енергијата во преземање конкретна акција. Резултатите можеби малку ќе задоцнат, но ќе бидат видливи. Откажете се од помислата нешто да решите набрзина. Останете смирени.
Стрелец
Партнерот ви дава поддршка да истраете. Тој е заслужен за успехот што ќе го постигнете, без оглед дали се однесува на приватен или на деловен план. Оние што себеси не се пронаоѓаат во ова треба да се свртат повеќе кон работата и да размислуваат за сопствените постапки.
Јарец
Бидејќи пред вас е напорен и исцрпувачки ден, обидете се да се одморите и да ги намалите обврските. Не е се’ толку итно како што изгледа на прв поглед. Одделете малку време за вашите пријатели, за разговор со партнерот и за шопинг. Ќе успеете се’ да завршите навреме само доколку се организирате и рационално го испланирате времето.
Водолија
Чувствувате внатрешна напнатост, обидете се да се ослободите од неа. Во тоа ќе ви помогне посетата на некој ваш пријател. Дружењето ќе ви помогне да заборавите на проблемите што се однесуваат на решавањето на некој конфликт. Бидејќи го губите трпението, мислите дека проблемот ќе го надминете доколку некаде отпатувате или го смените работното место.
Риби
Бидете реални кога се работи за вашите психофизички способности, бидејќи можете да ги прецените, што може да ви создаде здравствени проблеми. Ситуацијата бара ризик, но само на тој начин можете да профитирате. Не избрзувајте во донесувањето на одлуките, претходно добро размислете доколку сакате да имате корист. Внимавајте на премореноста.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Ако може хороскопот да го објавувате порано 😉
Здраво Ангела, ќе се потрудиме веднаш штом излезе да го објавиме.
Поздрав 🙂