Top

Викенд хороскоп (11-12.05.2013)

Овен
Еден чекор напред, еден назад. Кога ќе размислите, имате чувство дека цело време тапкате во место. Премногу сте чувствителни, но и мудри, затоа искористете го секој момент за профитирање. Потрудете се да најдете заеднички јазик со партнерот ако сакате врската да успее.

Бик
Решавате финансиски проблеми за кои доцна сфативте колку се сериозни. Доколку се нервирате, не сте во право, бидејќи никој не ви е крив. Како и да е, имате богат внатрешен живот. Ве очекува примамлива заработувачка, тргнете во акција.

Близнаци
Денот е одличен за занимавање со метафизички теми и пасивно уживање во уметноста, а лош за се’ што се однесува на стварноста. Затоа препуштете се на уживањето во музика, читање и посета на изложба. Следете го внатрешниот глас и однесувајте се во согласност со него.

Рак
Доколку не се чувствувате најдобро, барајте одговор во ѕвездите. Тие укажуваат на проблеми од хормонална природа кои ве прават нерасположени. Не грижете се, можете да влијаете на таквата состојба и да ја подобрите. Правете работи што ви причинуваат задоволство.

Лав
Одеднаш добивате многу енергија и станувате активни на сите полиња. Партнерот го забележува тоа и му се допаѓа динамиката во вашата врска. Продолжете да бидете мудри, но и внимателни. Доколку имате проблеми со срцето, намалете ги физичките активности.

Девица
Чувствувате радост и се приспособувате на секоја ситуација. Конечно најдовте мир во себе, но и во партнерот кој ви помага добро да се чувствувате. Кога вам ви е добро, добро и’ е и на околината. Некој очајно ве посакува, потрудете се да го согледате тоа.

Терезија
Се дистанцирате од сите. И сами не знаете од каде ви е таквото расположение. Оние работи кои до вчера ве излудуваа денес ве прават рамнодушни. Сфаќате дека беспотребно сте се нервирале. Потрудете се да му се извините на партнерот за таквото однесување.

Скорпија
И покрај тоа што сте заљубени, не сте сосема задоволни. Евидентни се пречки во врската, било да станува збор за разлика во години или некои други ограничувања. Не грижете се, битно е емоциите да се на вистинското место. Вашиот главен адут – разумот, овој пат ве напушта.

Стрелец
Ви недостасува иницијатива, така што денот го поминувате пасивно и во исчекување небитни работи. Проблемот за таквото однесување лежи во слабиот имунитет, затоа таквата состојба треба да ја сфатите сериозно. Не очекувајте да се случат чуда, потрудете се да бидете задоволни со она што имате.

Јарец
Ве очекува богат општествен и политички живот. Никогаш не се досадувате и околу вас секогаш има бучава. Во свој елемент сте, разменувате идеи и правите планови. Најбитно од се’ е да воспоставите хармонија со себеси.

Водолија
Убаво е да се живее во светот на имагинацијата, но само ако ја искористите на вистински начин. Занимавањето со уметност е еден од проверените начини, затоа тргнете веднаш во акција. Ќе бидете среќни и успешни. Не надевајте се дека партнерот ќе ги исполни вашите очекувања, разочарувањето е неминовно.

Риби
Конечно реално и разумно ја согледувате позиција во која се наоѓате. Ви оди од рака да бидете крајно објективни кон себеси, увидовте каде грешите. На емотивен план можни се несогласувања и тоа поради вашата себичност. Доколку земате, морате да научите и да давате.

Извор: Утрински

iLiKE.MK ПРИМА НОВИ АВТОРИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>