Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 11.05.2011 (среда)

Овен
Работата ви се шири, а со тоа и изворот на приходи. Не сте личност што седи со скрстени раце и се жали. Активно се борите и за тоа добивате заслужено признание. Единствена опасност е да добиете некаква болест предизвикана од погрешниот начин на исхрана. Внимавајте на законските прописи.

Бик
Искористете ја инспирацијата на паметен начин. Доколку сте лежерни и неинвентивни ќе добиете само мртов капитал. Поминете го денешниот ден во потрага по нови необични нешта и возбудувања. Емотивното задоволство и новите пријатни изненадувања ќе ви донесат голема среќа, како и љубовно освојување. Настојувајте да бидете толерантни кон средината, но и кон себе.

Близнаци
Правите грешки токму во периоди кога од вас се очекува да бидете најдобри. Моментно околностите налагаат да го зачувате здравиот разум и да преземете конкретна акција. Разбирливо е доколку причина за вашите пропусти е некаква болест. Во спротивно, нема оправдување за грешките предизвикани од несоодветните постапки.

Рак
Материјалната ситуација постојано се менува и бара задолжително ангажирање. Одлучете се за дополнителни извори на приход. Тоа ќе биде поволно, но ќе имате и поголеми обврски. Во животот ништо не ви паѓало од небо, па и сега ќе морате да вложите голем труд доколку сакате да го решите проблемот. Партнерот ќе ви даде подарок и по којзнае кој пат ќе ве убедува дека донесувате правилни одлуки. Изненадете го и вие.

Лав
Благодарение на новите идеи имате можност да добиете унапредување на работното место. Бидејќи сте преокупирани со борбата за власт, суетата ви е нагласена, а силата ја трошите на неважни работи. Ви се заканува опасност од една Скорпија, која со сите сили не дозволува да бидете на прво место.

Девица
Само доколку вложите дополнителен напор можете да ги остварите своите цели. Не сте задоволни од моментните ситуации, било да е во прашање вашето здравје или, пак, здравјето на луѓето од вашата блиска околина, што кај вас предизвикува страв. Бидејќи се работи за долгорочен проблем потребно е да бидете трпеливи. За почеток, направете нешто што сакате.

Терезија
Пред вас е успешен ден, сепак, и натаму сте незадоволни од себе. Бидејќи и вашите пријатели не можат да ви го ублажат незадоволството, најдете подобар начин. На пример, обидете се да се релаксирате во домашна атмосфера. Партнерот е подготвен да ви помогне во надминувањето на заедничките проблеми. Покажете повеќе нежност.

Скорпија
Со лав ќе водите борба за сериозни прашања. Мислите дека сте во право, па на својствен начин се обидувате да победите. Во тоа ќе успеете, благодарение на вашата упорност. Обрнете внимание на истоштеноста, која во последно време значително се манифестира.

Стрелец
Се наоѓате во позитивен период. Ве очекуваат пријатни изненадувања и весели моменти. Бидејќи сте среќни и исполнети, уживате во се’. Од некоја работа сте кренале раце. Но, залудно сте биле песимисти. Уживајте во секој момент од денешниот ден.

Јарец
Темелно и сериозно пристапете на се’ што ќе се појави како интерес. Иако ве очекуваат многу работа и напор, ќе бидете задоволни бидејќи сте на ваш терен. Со партнерот сте на иста бранова должина, чувството за убавина и љубов е истакнато, препуштите и’ се на оваа необична состојба.

Водолија
Најпосле имате период на смирување. Имате несогласување и кавги со партнерот поради некоја трета личност, која се меша во вашата приватност, но на проблемите им дојде крај и тензијата ќе исчезне. Потребно ви е релаксирање не само во однос на работата, туку и покрај саканата личност. На вашиот шарм ќе ги привлече вагите.

Риби
Само доколку правилно реагирате, ќе постигнете успех. Во спротивно, ќе бидете разочарани и ќе мислите дека некој ве излажал. Бидејќи станува збор за проблеми во личноста, размислете за шансите кои ви се укажуваат и за своето однесување. Доколку е потребно намалете ги критериумите.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *