Овен
Чувствувате потреба да бидете сами и да работите работи кои ви годат. Доколку околностите ви дозволат, прифатете го тој луксуз. Не оптоварувајте се со проблеми за кои знаете дека се непотребни. Веќе утре се ќе биде поубаво и ќе имате поинаква перспектива.
Бик
Некого заведувате, а со некого флертувате. Поведете сметка за брачната состојба на ваше блиско лице. Постојано се занесувате во љубовта, па пожелно е нешто да научите. Здравствените проблеми се надминати.
Близнаци
Доколку слободното време го поминувате во добро друштво, ништо нема да ви недостасува. Во спротивно, осаменоста ќе ве убие. Психата прави чуда, може да ви помогне да избегнете сериозни проблеми. Во друштво потрудете се да останете весели.
Рак
Проблемот е во тоа што не знаете што сакате кога станува збор за љубовта и за бракот. Насочете се кон уметноста, можно е таму да се пронајдете себеси. Доколку ги одложите емоциите и се насочите на работата, ќе имате успешен ден.
Лав
Сите мисли ги насочувате на далечина. Можете да очекувате сериозна понуда, која доколку ја прифатите, нема да се покаете. Добро заработувате и задоволни сте, но парите насочете ги кон големи цели. Среќни сте и задоволни со партнерот.
Девица
Доколку се појават емотивни проблеми, не истерувајте ја правдината, туку потрудете се да бидете дипломатични и смирени. Ќе ви биде тешко, бидејќи нервозата е придружна појава. Наместо да ги анализирате грешките на партнерот, фатете се за работа.
Терезија
Ова е посебно активен и успешен ден во кој можете наполно да бидете задоволни. Сето тоа ќе се случи доколку ги изоставите непотребните грижи и нервози. Некој постојано се обидува да ви ги наметне сопствените ставови, не попуштајте.
Скорпија
Слободното време го поминувате во добро расположение. Свесни сте за сопствените вредности и правилно ги насочувате. Се трудите да најдете задоволство во работите со кои сте опкружени. Посветете му внимание на партнерот.
Стрелец
Пред вас е сериозен и напорен ден во кој полека, но сигурно ги извршувате планираните обврски. Потребно е малку да одморите, бидејќи може сериозно да настрада вашиот организам. Партнерот ги забележува вашите промени, потрудете се да останете исти.
Јарец
Се ви оди од рака. Негативните мисли се зад вас, па тргнувате во нови активности. Бидете внимателни, тие бараат брзина и одлучност. На емотивен план работите си доаѓаат на место. Се уште не е се идеално, но барем знаете на што сте.
Водолија
Една вест ќе ве израдува и цел ден ќе бидете под пријатно влијание. Уживате во дружењето и размената на животните искуства. Морате да бидете внимателни доколку се занимавате со јавна професија. Размислувате за нова соработка и разменување на мислења.
Риби
Би требало малку повеќе да се занимавате со партнерот. Избегнувајте расправии и претерувања кога го обвинувате за нешто. Се уште ви недостасува оптимизам. Бидете трпеливи неколку дена, преминете преку навредите, бидејќи времето ќе покаже кој е во право.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!