Овен
Со партнерот ви е отежната комуникацијата, но ќе успеете да најдете заеднички јазик само доколку искрено разговарате за проблемите што во последно време заземаат централно место во врската. Здравјето ви е чувствително, затоа намалете со нервозите.
Бик
Водолиите се фатални за вас во овој период, па доколку познавате лице родено во овој знак, љубовта е на повидок. Здравјето е поврзано со хормоните и жлездите. Внимавајте да не претерувате со јадењето и со пиењето.
Близнаци
Вашите емоции се движат во еден правец, а веќе во следниот миг сте фокусирани на нешто друго. Тоа не би требало да ве чуди со оглед на вашата дволична природа. Иако таквите емотивни осцилации нема да ви донесат подобрување во љубовниот живот, сепак, уживате во забавата.
Рак
Во овој период ви се препорачува почеток на емотивна врска со лица родени во знакот на Стрелец. На здравствен план се можни проблеми со желудникот и со дигестивниот систем, па затоа здравата храна е најдобар совет.
Лав
Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се позитивната енергија да ја насочите кон убави нешта.
Девица
Немате време да размислувате за работата, бидејќи емотивното поле е центар на вашето внимание. Одличен период за оние што би сакале да почнат нешто сериозно, но и за оние што посакуваат страсна авантура. Внимавајте на настинки и на евентуална инфекција на уринарниот тракт.
Терезија
Вашите соработници се решително подготвени да ви помогнат на работното место. Партнерот ги исполнува вашите желби и очекувања, па немате причина да му забележувате ништо. Здравјето не треба да ве загрижува, бидејќи се’ функционира така како што треба.
Скорпија
Лицата родени во овој знак ќе ги стават настрана професионалните обврски, бидејќи фокусот е насочен кон проблемите со партнерот, кои безуспешно се трудите да ги решите. Можеби и вашата пречувствителност е проблем за него. Здравјето е поврзано со вашата психичка нерамнотежа што настанала поради нарушената емотивна состојба.
Стрелец
Понекогаш сте себични, па затоа нема да имате тешкотии во достигнувањето на вашата крајна цел. Многу припадници на знакот ќе размислуваат за почеток на нова врска што ветува многу. Здравјето е поврзано со субјективна природа, затоа не грижете се.
Јарец
Избегнувајте ги караниците со партнерот, бидејќи нема ништо да постигнете со тоа. Нема потреба да се докажувате на погрешен начин. Проблемите со здравјето може да настанат во пределот на колковите, па затоа внимавајте на повреди.
Водолија
Професионалните обврски бараат од вас конкретно да се изјасните во однос на вашата крајна цел. Понекогаш знаете да бидете многу напорни и полни со барања и очекувања што, за жал, партнерот не може да ви ги исполни. Жлездите со внатрешно лачење се на удар.
Риби
Сосема сте индиферентни во врската во која се наоѓате, и вие и партнерот. Можеби е време да го смените партнерот и да ги пронајдете вистинските емоции кај друго лице. Бубрезите се чувствителни, затоа облекувајте се топло.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!