Top

Викенд хороскоп (09-10.03.2013)

Овен
Недовербата кон околината, љубомората и врзувањето за постар или на било кој начин неадекватен партнер-зборува за подлабоки проблеми на ниво на личност. Некои Овнови за среќа ги преминаа овие проблеми, но многу е поголем бројот на оние кои се уште ги решаваат.

Бик
Пожелно е да бидете умерени и одмерени за да го сочувате она што може да биде на удар, а тоа е поздраво. Бидејќи по секоја цена сакате да го решите проблемот, иако не ви оди, не се нервирајте, бидејќи од нервози може да се разболите. Меѓу вас и партнерот постои силен флуид.

Близнаци
На моменти сте потиштени, се повлекувате во себе и фантазирате. Сите мисли се свртени кон романтични теми. Не сте сигурни дека тоа е моментално она вистинското. Доколку сте во комбинација со огнен Лав, нема дилеми-тој е идеална личност. Љубовта ве грее.

Рак
Лесно воспоставувате контакти, уживате во општествената ангажираност и задоволства, подеднакво како и во односите со партнерот. Делите наклоност на сите страни, така што постои опасност од расипување на сопствените чувства. Тие може да бидат погрешно протолкувани.

Лав
Ги задоволувате барањата, било да се работи за уметнички интереси, желба за луксуз или купување на нешта за кои веќе подолго време фантазирате. Партнерот ве подржува не само во материјална смисла туку и ви нуди љубовни случки кои навистина ве орасположуваат. На вас е дали ќе ги прифатите.

Девица
Потребна ви е поддршка. Од партнерот очекувате нежност, но и да ви биде на услуга. Проблемот се јавува доколку тој не е способен да ги задоволи вашите барања. Разочарувањето може да ја доведе во прашање врската. Да се надеваме дека вашите строги критериуми ќе ги сведете на разумна мера.

Терезија
Сите постапки зависат од други луѓе, првенствено од односот со спротивниот пол. Ако бидете задоволни во врска со тоа, нема да ви пречи што работите не функционираат како што треба. Во спротивно, незадоволството и желбата за дистанцирање станува нормален след на околностите. Среќата побарајте ја во себе.

Скорпија
На моменти сакате да одите по патот на срцето, но бидејќи чувството на морал е нагласено, ги потиснувате желбите. Тоа доведува до фрустрации кои директно влијаат на вашето функционирање во секојдневниот живот. Неодлучни сте во врска со љубовните проблеми.

Стрелец
Доколку имате зголемена желба за водење љубов, романтични соништа и креативни моќи, не е ни чудо. Планетите ви се наклонети, па ви се нудат многу случувања на љубовен план. Ќе остварите се што замисливте. Проблемот за поголем број припадници е тоа што не знаат што сакаат.

Јарец
Уживате во друштвени активности, забава, задоволства, игри. Бидејќи кон партнерот чувствувате силна физичка привлечност и нему му ги будите страстите. Не сте сигурни во сопствените вредности, па компензација наоѓате во купување облека и обрнување внимание на надворешниот живот.

Водолија
Околината ја шокирате со луди идеи. Таа очигледно не е спремна да ги прифати, како што не е спремна да прифати нови нешта. Конзерватизмот на оние што ве опкружуваат, од таа страна ќе им штети. Вие однесувајте се како што е правилно, не обрнувајте внимание на луѓето кои ги прегазило времето.

Риби
Може да имате среќа не само во комуникацијата туку и во прилагодувањето во животната ситуација. Бидејќи конечно материјално сте згрижени, се опуштате. Тоа е меѓутоа од краток век бидејќи вашите потрошувачки апетити се незаситни. Со партнерот е можен конфликт.

Извор: Утрински

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>