Овен
Зборовите ќе имаат големо влијание во креирањето на вашиот љубовен живот. Една информација или разговор ќе ви помогне за она што доаѓа. Раздвижете се, повеќе шетајте, трчајте. Немојте да заборавате на насмевката.
Бик
Дури сега е јасно поради што се однесувате чудно. Здравствената ситуација не е прекрасна, а секогаш се однесувате онака како што се чувствувате. Ништо не прикривате. Болеста е латентна, па може и отворено да се изрази. Немојте да се нервирате.
Близнаци
Здравствената ситуација не е на завидно ниво. Пожелно е да не донесувате значајни одлуки и да не повлекувате деловни потези, туку да се помирите и колку што е можно попасивно да го минете денот. Пробајте, нема што да изгубите.
Рак
Енергетските вибрации на блиските личности ќе ве поттикнат на акција. Една случајна ситуација ќе ве приближи до личност што ве привлекува со својот изглед. Набрзо ќе сфатите дека интересот е заемен. Бакнежот ќе ги отвори портите на рајот.
Лав
Остварувате деловен успех или размислувате за него. Ве очекуваат многу интересни случувања во врска со уметноста и ораторството. Во односите со околината често глумите, па другите тешко препознаваат кога не го правите тоа.
Девица
Ќе ве вознемири однесувањето на една личност. Површноста и неодговорноста ќе ви биде сосема несфатлива. Денешните планови немојте да ги врзувате за други луѓе. Сè што можете направете сами, а помош барајте дури утре. Не влегувајте во расправија.
Терезија
Ниту еден денешен план нема цврста основа, па не надевајте се на идеален резултат. Имате променливо расположение, посуетни сте од обично. На околината не ѝ е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател.
Скорпија
Денешните средби, контакти и разговори со луѓе ќе ве усреќат. Вашата дружељубивост ќе ѝ биде симпатична на околината. Една личност од спротивниот пол ќе влијае на вас поттикнувачки. Еден случаен допир ќе заврши со ерупција на страсти.
Стрелец
Срамежливи во контактите со околината, знајте дека вината лежи во вас. Последиците што датираат од раното детство сега стапуваат на сцена. Морате постојано да се борите со минатото, зашто ако ги запуштите работите, може да биде доцна.
Јарец
Се чувствувате болно и осамено. Најверојатно е дека навистина сте болни и осамени, но што имате направено да не дојде до тоа? Бидејќи сакате сè и веднаш, бавниот развој на настаните никако не ви оди од рака. Наследени тегоби од ревматски тип и забоболка.
Водолија
Ако се обидувате своите ставови да им ги наметнете на своите блиски, ќе предизвикате неред. Надополнете го она што сте го пропуштиле во изминатиот период. Насочете се на позитивни работи, бидејќи вашето тело бурно ќе реагира на стресот. Избирајте ги зборовите ако не сакате да настрадате.
Риби
Партнерот ќе ви предложи интересна идеја по која ќе се чувствувате прекрасно. Ќе ви се отворат нови можности на планот на заработувачката. Работата ви дава самодоверба, но и успех. Внимавајте на тенот и косата. Контролирајте си ја лутината.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!