Овен
Со советите им помагате на пријателите во неволја. Додека ги работите рутинските работи, сонувате за патувања и заработка на пари. Дружете се со ведри личности, тоа ве релаксира. Се наоѓате во љубовен триаголник. Само ако имате искуство, ќе излезете од играта безболно. Не трошете премногу енергија, ќе ви треба.
Бик
Наглиот бран на малодушност на деловен план само е од минлив карактер. Депресивното расположение е последица на постојаното преиспитување на сопствените грешки. На љубовен план настапи емотивна нестабилност, размилсувате да преземете радикални потези. Обидете се да се одморите, проблемите полека ќе исчезнат.
Близнаци
Расплетот е значително побавен отколку што ви одговоара, што ве оптоварува дополнително. Пожелно е да имате трпение. . Имунитетот ви е опаднат, внимавајте од настинки. Незадоволството од партнерот во доведува до очај. Шетајте, одете во природа, не мора да медитирате, бидејќи не сте таков тип, тој вид релаксација оставете им го на Рибите.
Рак
Иако настојувате да се изолирате и да се повлечете во сопствениот свет, не вреди. Пријателите тоа не ви го дозволуваат, вашето присуство им влева сигурност. Имате тешкотии со партнерот и се обидувате да најдете заеднички јазик. Комуникацијата е лоша. Неодлучноста и попуштањето може да ви дојдат преку глава.
Лав
Лавовите влегоа во амбициозен период. Знаете што сакате и јасно се стремите кон целта, иако со вас многумина не се сложуваат. Новите деловни потези се придружени со ново вложување. Љубовта ви многу попотребна. Недоразбирањата со партнерот ве плашат. Морате со нешто да се окупирате и да најдете златна средина меѓу љубовта и работата.
Девица
Никако да ја донесете правилната одлука и да го решите проблемот. Подложни сте на прелади и болести на дишните органи. Незадоволството од емотивниот живот е од минлив карактер. Ве навредуваат некои ситни гестови на партнерот. Морате да бидете поодлучни кога ќе дојдат првите компликации, подоцна нема да владеете со ситуацијата.
Вага
Наредните денови ве очекуваат дополнителни активности, од кои во меѓувреме се одвикнавте. Сето внимание е усмерено кон тоа да ги исполните што поодговорно. Моментално актуелната врска со странец ве окупира. Во тој контекст ќе се одвива вашиот љубовно-еротски живот. Премногу се ангажиравте и комунициравте, сега е време да се релаксирате.
Скорпија
Извесно време се чувствувавте умртвено, но овие денови ќе живнете и ќе сакате да пробате некои примамливи нешта. Престанете да го исфрлувате отровот, незадоволството што го имате, се пак ќе ви се врати вам. Здраствената ситуација не е одлична, а вие со вашето однесување уште повеќе ја влошувате. На прагот сте на нова интересна љубовна врска.
Стрелец
Се се одвива со леснотија баш како што си замисливте. Авантуристичката црта на карактерот моментално е изразена. Доколку размилсите и подетално ги разгледате плановите, шансата да успеете е огромна. Имате конфликти со соработниците. Напнатоста се одразува на психата. Постојаниот партнер ви досади, фантазирате за нови возбудувања со многу авантура.
Јарец
Се наоѓате непосредно пред да донесете важна одлука. Конфузијата ја поминавте. Склоноста кон бекство од стварноста во вид на разни опијати во моментот е засилена. Ако сакате да се релаксирате направете го тоа на попаметен начин. Во љубовта сте прилично наивни. Другата страна тоа го користи, а за тоа не сте свесни. Ако сте коректни, мислите дека и сите други се такви.
Водолија
Не можете да се пожалите на финансиската ситуација, заработувате повеќе отколку што се трудите. Откако ќе слушнете лоши примери од околината, за тоа станувате свесни. Претерувате во исхраната, уживате во сетилните задоволства повеќе отколку што организмот може да поднесе. Во однос на саканата личност премногу сте тврдоглави.
Риби
Размислувате за приспособување кон новите животни услови. Само разумните одлуки носат поволни решенија. Дисциплинирано ги извршувате обврските. Не ви е тешко да работите, но тешко ја поднесувате деловната соработка. Ако немате со кого да пиете кафе, пијте чај. Здраствената состојба не е одлична, испитувањата се изведоа во погрешен правец.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!