Овен
Минувате низ вам својствена душевна криза. Се чувствувате несфатено и осамено. Свесни сте дека до се’ доаѓате со мака. Бидејќи прагот на толеранција попушти, лесно може да се изнервирате и да го загрозите и онака чувствително здравје. Размислувањата за разделба уште повеќе влијае на незадоволството. Ќе мине и овој бран и повторно ќе бидете како нови.
Бик
Иако имате големи барања, денеска ќе мора да се задоволите со минимум. Свесни сте за ситуацијата, посебно кога здравјето е во прашање. Многу надеж вложувате во соработниците, но ни тие не се совршени, па често грешат. Љубовта моментално стагнира. Среќни сте според заслугите.
Близнаци
Само што добро си поминавте, на дневен ред стапува љубовниот живот. Расправиите со партнерот почнуваат да ве загрижуваат, па ќе побарате нечиј совет. Некое писмо или средба може да го направат овој ден поубав отколку што очекувавте. Некаде грешите, барем кога љубовниот живот е во прашање.
Рак
Имате разновидни интересирања. Покрај обврските од страна што ги извршувате со вродена перфекција, блескате и кога е домќинството во прашање. Несигурноста може да се јави ако други не почнат да ги фалат вашите дела. Чувствувате потреба за вложениот труд да добиете и соодвртна морална сатисфакција.
Лав
Тежок ден, нема што! Кога го знаете тоа, ќе ви биде полесно да го пребродите. Сите комбинации во кои ќе влезете ќе бидат проблематични, но не и несовладливи. Тешката и напорна работа сериозно почнаа да го загрозуваат вашиот нервен систем. Работите ги одложувате, но непријатната состојба малку потешко ќе ја надминете.
Девица
Работата, забавата и другите погодности ќе направат да се чувствувате фантастично. Многу Девици доживуваат нова страсна љубов. Шетањето и држење за рака ви годат, без оглед на возраста. Важно е дека со новата симпатија сте на иста бранова должина. Средбата е повеќе од спонтана.
Терезија
Многу нешто сакате, многу започнувате, а ништо не завршувате. Тоа ве излудува. Бидејќи денеска треба да добиете одговор на прашањето што ве мачи подолго време, имате трема. Каков и да е одговорот, барем ќе знаете на што сте. Терезиите по природа се оптимисти.
Скорпија
Кога работите, немате време да се задлабочувате во проблемите. Штом сте во празен од, настапува незадоволство. Акцентот е на емотивниот живот. Тука настапуваат нервирања, зашто не можете да се потпрете на партнерот. На многу Скорпии оваа година ќе им се случи постојана врска или брак, под услов тоа да го сакаат.
Стрелец
Бидете внимателни кога е во прашање работата. Лесно може да станете жртва на измами и разни махинации. Сетете се на искуството од не толку далечното минато, што скапо ве чинеше. Пожелно е да соработувате само со личности што се докажале како пријатели. Со другите ќе бидете во загуба.
Јарец
Класичната уметност, светот на фантазијата и филмот, се одличен лек за незадоволството. Навистина, не го решаваат проблемот, туку го ублажуваат и одоложуваат. Самите морате да се менувате, ако сакате да ви биде подобро. Вие можете многу да истрпите, но кога ќе ви пукне филмот…
Водолија
Настаните на денот се насочени на работата и здравјето. Не ви е лесно, но треба да бидете оптимист. Наскоро влегувате во подобар период, кога се во прашање овие работи. Што се однесува до љубовта, тука владеете со ситуацијата. Симпатиите и комплиментите доаѓаат од сите страни. Ќе мора да се решите за највносната варијанта.
Риби
Што вреди да се лишувате од се’, кога расходите константно се поголеми од приходите. Чувствувате потреба да потрошите за своја душа, но тоа моментално не е можно. Бидете внимателни кога е во прашање работата, зашто некој од соработниците или клиентите може опасно да ве намести. Само уште тоа ви недостасува.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!