Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 06.07. 2011 (среда)

Овен
Загрижени сте поради застојот на деловен план. Не се грижете бидејќи се работи за нормална појава поврзана за професијата со која се бавите. Ќе успеете во нешто значајно. Свртете се кон креативната работа. Денот е идеален за забава, бавење со уметност и уживање во романтика.

Бик
Фантастично се чувствувате. Влезени сте во период поволен не само за уметничко изразување, туку и за љубов. Бидејќи поседувате изразена креативна моќ, тргнете во акција. Успехот нема да изостане. Со својот шарм ја привлекувате саканата личност. Доколку сеуште сте сами , ќе запознаете некоја личност.

Близнаци
Свртени сте кон случувањата кои можат во поволна смисла да го изменат вашиот живот. Иако решенијата ви се на дофат стрпете се извесно време и добро размислете за тоа што всушност сакате. Околностите се посериозни отколку што мислите. Зрело размислувајте. Доволно бевте несериозни.

Рак
Бидејќи важите за паметна и практична личност, однапред согледувате и не ве изненадуваат некои работи. Точно знаете колку од кој можете да добиете и што од ситуациите може да очекувате. Малку неизвесност не е на одмет, посебно на љубовен план, затоа што е монотоно.

Лав
Во очекување сте на деловен успех и материјална добивка. Денот ветува поволен исход на случувањата во врска со тоа. Она што им смета на вашите најблиски е вашата желба за доминација. До кога ќе ги истакнувате сопствените квалитети.

Девица
Стрпливи сте и знаете дека патот до успехот е тежок. Тоа вас ви помага да ја пребродите моменталната ситуација. Здравјето кое попуштило овие дена ќе ви се подобри и тоа рапидно. Додајте максимален оптимизам во пристапот на проблемот и успехот нема да изостави. Посветете се на друштвениот живот, бидејќи работата е во застој.

Терезија
Не се грижете за туѓите проблеми, туку посветете се на себе и на сопствените проблеми. Најпрво треба со нив да се соочите, бидејќи уште не ви се разјаснети. Штом ќе ги согледате и одделно размислите за нив, ви се наметнува и решението. Па затоа не водете бесмислени разговори со другите.

Скорпија
Исклучително успешен деловен ден крунисан со признание. Доколку не сте деловно активирани, ќе имате влијание од околината, но и зголемен интерес за книжевност. Иако сте во фаза на променлив оптимизам ви годи самотијата. Најдобро функционирате во изолација на индувидуална работа.

Стрелец
Некои од вас ќе одат на патување, а некои мрзливо ја завршуваат работата. Бидејќи моќта на концентрација е зголемена искористете ја оваа погодност да се соочите со проблемот кој порано ви се чинел дека е нерешлив. Стрпливо резделете ги нештата на делови, па обидете се повторно да ги сложите.

Јарец
На уметничките души ќе им биде лесно, бидејќи тие одлично функционираат во светот на имагинација. Штом се спуштите на земја и почнете да ги решавате материјалните проблеми ќе настапи незадоволство. Затоа запловете во уметничките води и пливајте во нив колку што можете подолго.

Водолија
Само со јасни погледи на живот можете да ја постигнете целта. Во спротивно недоразбирања со околината. Партнерот е дежурен виновник. Поштедете го. Стопирајте ја вашата неоснована љубомора бидејќи може скапо да ве чини. Проверете ја крвната слика.

Риби
Промените на расположението стануваат за вас нормална појава. На момент сте очајни, а на момент среќни. Свртете се кон работата, но не го запоставувајте партнерот. Тој секогаш во се’ ве поддржува, а тоа би требало да го цените. Повеќе шетајте.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>