Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 05.05.2011 (четврток)

Овен
Некој ќе ве онерасположи, но само накратко. Ве очекува страсна ноќ. Добро завршената работа ќе ви го зголеми угледот. Некој во додворувањето ќе ви понуди работа и соработка. Внимавајте на зглобовите. Не карајте се со постарите.

Бик
Ако се обидувате своите ставови да им ги наметнете на блиските, ќе предизвикате безредие. Дополнете го она што сте го пропуштиле во текот на минатата седмица. Вашето тело бурно ќе реагира на стресот. Избирајте ги зборовите.

Близнаци
Воздржете се од љубовна акција. Би можеле погрешно да ги процените околностите. Работата ќе ве ослободи од напнатоста и негативната енергија. Не влегувајте во илегални активности. Ослободете се од напнатоста и нервозата. Вложете во образованието.

Рак
Можеби не ви цветаат рози на љубовта, но не очајувајте. Кризата брзо ќе мине. Ќе напредувате побавно од вообичаено. Ќе ве зафати мрзеливост и поспаност. Добро ќе ви дојде медитација и антистрес терапија. Немојте да се инаетите.

Лав
Со кокетното однесување од ден во ден ќе создавате нови можности, но ништо нема да дотуркате докрај. Поработете на концентрацијата и водете сметка за временските рокови. Внимавајте на желудникот и карлицата. Не избегнувајте ги обврските.

Девица
Ќе се најдете во љубовна дилема. Послушајте го гласот на срцето и не обрнувајте внимание на туѓите коментари. Во извршувањето на работните обврски ќе запознаете интересно лице. Здравствените проблеми ќе ги санирате со природни лекови. Чувајте се од лажговци.

Терезија
Би можела да ве налути себичноста на партнерот или неговите егоистични постапки. Разговарајте за тоа. Околностите ви се наклонети за работа. Можни се добивки и награди. Пробајте си ја среќата на наградни игри.

Скорпија
Ситуацијата ќе се менува од ден во ден. Вашиот партнер ќе наидува на проблеми во желбата да ве усреќи. Една работа ќе се искомплицира. Некој нема да го почитува договорот. Чувајте се од инфекции и алергиски реакции. Немојте да озборувате.

Стрелец
Ќе бидете забавни, духовити и дружељубиви. Ќе заведувате лице од кое подоцна ќе се криете. Ќе ве инспирира еден разговор. Можна е добивка од хонорарна работа. Внимавајте на прстите и на ноктите. Подобро слушајте што зборуваат другите.

Јарец
Партнерот ќе ви предложи нешто што нема да ви се допадне. Ќе одбиете еден додворувач. Ќе ви се отворат нови можности на планот на заработувачката. Работата ви дава самодоверба. Внимавајте на тенот и на косата. Контролирајте си ја лутината.

Водолија
Ќе блескате од задоволство. Вашата љубовна приказна ќе напредува од ден во ден. Со личната харизма и шармот ќе ги освојувате своите соговорници, партнери и шефови. Подложете се на масажа на грбот. Избегнувајте неморални понуди.

Риби
Ќе решавате љубовни проблеми на еден близок пријател. Можна е интересна љубовно-финансиска соработка. Ќе ги криете своите вистински намери. Ќе играте некоја игра. Не потценувајте ги своите можности. Ве исцрпуваат заткулисните игри.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *