Top

Хороскоп за 05.01.2012 (четврток)

ОВЕН
Што и да правите, само не донесувајте нагли промени за кои не сте размислиле како што треба. Без разлика на решението, некој ќе се противи, па најдобро е да ги оставите работите за подоцна. Нема смисла да се расправате со луѓе кои не се во состојба да ја прифатат вистината.

БИК
Доколку денеска размислувате за купување стан или куќа, бидете внимателни! Најпаметно е пред да сторите што било добро да се консултирате со својот партнер, зашто лесно може да се случи да живеете во новиот дом осамени. А тоа, секако, не е вашата крајна цел, зарем не?

БЛИЗНАЦИ
Ако во последно време намерно одложувавте некоја работа, да знаете дека сте биле во право. Денеска е време конечно да почнете, а притоа ќе ја имате и поддршката од околината. Дури и вашата подобра половина ќе биде полна со разбирање. Конечно, коцките почнуваат да се редат…

РАК
Во текот на денешниов ден ќе доминира интуицијата која ќе биде посилна од рационалната страна на вашиот мозок. Обрнете внимание на тоа што ви зборува таа и барем денеска послушајте ги нејзините совети. Тоа би можело да ви биде од голема корист.

ЛАВ
Денеска ќе бидете едноставно неодоливи. Интуицијата ќе ви биде доминантно изразена, но внимавајте да не претерате и потполно да заборавите на дел од реалните животни околности. Границата меѓу светот на фантазијата и реалноста е тенка. Изборот е сепак ваш.

ДЕВИЦА
Важите за личност која со двете нозе стои на земја и е целосно отцепена од фантазирање. Но, денеска во шок ќе забележите дека поголемиот дел од денот ќе ги бркате своите мисли кои постојано некаде бегаат. Не нервирајте се, попатно би можеле да се сетите на некои добри идеи…

ТЕРЕЗИЈА
Уште еден работен ден, па што? Имате одлични услови за патување и треба да ги искористите. Земете ги со себе само основните работи, јавете се на работа и појдете на пат. Конечно би можеле да се остварат вашите соништа во реалноста на овој свет.

СКОРПИЈА
Вашата денешна преокупација и интерес ќе бидат парите и начините за нивно стекнување. За жал, засега нема добри вести зашто за да дојдете до посакуваната цел, треба поприлично да работите. А штом ги добиете парите, веднаш и ќе ги потрошите. Па, која е целта? Секако, неколкуте мига на трошење…

СТРЕЛЕЦ
Престанете да го сфаќате животот толку сериозно и веднаш ќе ја забележите разликата. Никој нема да ви забележи доколку дојдете на работи без фризура или со чанта која не е во ист тон како вашиот костум. Всушност, тоа би можело дури да биде и симпатично. Направете разлика.

ЈАРЕЦ
Денот ќе ви почне одлично, но некаде околу пладне сите ќе полудат. Шефот ќе ви се развика без некоја посебна причина, колешката ќе се жали, родителите постојано ќе ве опсипуваат со барања… Вратете им со иста мера, па ќе видите како ќе се смират. За жал, некогаш мора и вие така да се однесувате.

ВОДОЛИЈА
Ако мислевте дека ги држите под контрола сите деловни обврски, би можеле непријатно да се изненадите. Точно, го имате вистинскиот одговор, но прашањето е погрешно. Затоа слушајте ги внимателно советите на вашиот претпоставен или пријател. Ќе извлечете поука.

РИБИ
Се’ уште се обидувате да го средите станот, но работите постојано се одолжуваат… Ситуацијата станува по малку драматична, а изборот на облека се стеснува и го менува местото – сега е речиси цела во машината за перење. Сторете нешто. Куќата ќе ви прооди…

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *