Top

Хороскоп за 04.10.2012 (четврток)

Овен
Треба да внимавате на односите што ги создавате на работното место, бидејќи се можни одредени несогласувања околу поделбата на обврските. На финансиско поле се уште нема да можете да се помрднете од мртвата точка, така што не ви се препорачува влегување во непотребни трошоци.

Бик
Планетата на љубов – Венера позитивно влијае врз вашиот зодијачки знак, така што слободните ќе запознаат талентирана личност која би можела да внесе промени во досегашниот монотон живот. На професионалниот план ќе работите многу, а малку ќе заработите.

Близнаци
Значајни можности за напредување во работата или образованието. Не очекувајте промени, бидејќи е потребно да вложите многу повеќе енергија и упорност. Во љубовта се наоѓате во еден монотон период, па не очекувајте преку ноќ работите да мрднат од мртва точка.

Рак
Како ретко кога ќе се однесувате спонтано и отворено, ќе ги покажувате своите чувства така што саканата личност нема да може да ве препознае . На деловно поле истовремено ангажирање кон повеќе работи може да ве направи нервозни.

Лав
Во љубовта нема да знаете како да и пријдете на личноста која многу одамна го има привлечено вашето внимание Ќе ви биде потребна храброст и иницијатива доколку сакате да стигнете до неговото срце. Ѕвездите ви овозможуваат успех доколку романтично ги презентирате своите чувства.

Девица
Планетата на промените и неизвесноста – Уран и понатаму негативно транзитира кон вашиот знак, така што треба да очекувате настани што ќе ве исфрлат од колосек. Доколку се зафатите со ризични активности, потребно е време да ги завршите.

Терезија
Ќе се дружите и забавувате без да водите сметка за обврските што ги имате кон професијата или образовните институции. Позитивната поставеност на ѕвездите ќе ве заштити и ќе овозможи успех на сите полиња, затоа дејствувајте храбро и решително. На здравственото поле внимавајте на стомакот.

Скорпија
Грижите и оптоварувањата за настаните и лицата што биле присутни во вашето минато не ви дозволуваат да размислувате олабавено. Кавгите во семејството ќе станат составен дел од вашиот живот. Внимавајте, храброста на живеењето се согледува само доколку свесно се разберат ограничувачките фактори.

Стрелец
Неповолната финансиска состојба долго време ги ограничува вашите желби. Ќе мора да почекате на поубави денови, бидејќи се уште не се создадени предуслови за целосна промена на вашата финансиска состојба. На љубовно поле ќе можете да дојдете до контакт со интересно лице.

Јарец
Ќе имате убави можности за љубовни доживувања иако во еден период од неделата ќе сакате да се изолирате и да се повлечете длабоко во себе. На деловно поле ќе бидете полни со нови идеи, но доколку сакате да ги искористите, ќе треба да покажете поголема храброст во нивната реализација.

Водолија
Доколку ви се отвори можност за патување, потребно е само добро да размислите пред да го преземете, бидејќи негативното влијание на планетата Марс би можела да ви донесе проблеми и компликации. На финансиско поле ќе влезете во непотребни трошоци.

Риби
Посесивноста и љубомората ќе бидат мошне нагласени денеска, така што непотребно ќе го оптоварувате партнерот со ситници. На деловно поле ќе ви се остварат убави можности за заработка, треба само да покажете поголема иницијатива и упорност во спроведувањето на идеите.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>