Top

Хороскоп за 04.09.2012 (вторник)

Овен
Преголема ви е желбата работите да се одвиваат како што сакате. Бидете внимателни, бидејќи може да претерате. Скромни сте и бегате настрана од се’, иако некогаш мора да се соочите со нив. Сега е идеално време за расчистување.

Бик
Се’ уште сте во фаза на правење нереални планови. На материјален план работите не се одвиваат како што треба. Склоноста на настинки моментално е зголемена. Бидете внимателни на сите полиња, бидејќи некогаш сте во заблуда.

Близнаци
Во фаза сте на воспоставување успешни контакти. Со партнерот и околината моментално сте во хармонични односи. Конечно се усогласивте со себеси. Уживајте во моментите и соберете сила за нови потфати.

Рак
Работата бара концентрација. Тоа ќе ви помогне да не мислите на своите неуспеси. Доколку не успеете да се усогласите со колегите, почнете да работите сами. Немојте да бидете конфликтни. Најдобро е да изброите до десет.

Лав
Работите ви тргнаа најдобро што може. Се наоѓате пред неочекувани случувања кои ветуваат големи промени. Бидејќи сте наклонети кон избрзани акции, постои опасност од повреди. Бидете внимателни ако станува збор за физички активности. Љубовта и понатаму цвета.

Девица
Иако сте планирале некои работи, сега мора да се откажете од нив. Причината за тоа е слабоста на организмот. Ако не се подобри, најдобро е да посетите лекар. Ако продолжите со активностите, очекувајте успех.

Терезија
Се соочувате со работи кои сте ги запоставиле, а како ќе ги решите зависи само од вас. Однесувањето ќе ви биде нестабилно и ќе зависи од околностите. Бидете дипломатични и толерантни, а најмногу од се’ избегнувајте расправии со партнерот.

Скорпија
Чувствителни сте на провокациите на колегите. Бидете трпеливи и не дозволувајте да ве изнервираат, правете се дека не ги слушате. Посветете внимание на зајакнување на физичкото здравје, бидејќи сте склони на настинки.

Стрелец
Не можете да се пожалите на успехот поврзан со работата. Работите ги држите под контрола, можеби дури и премногу. Не сте свесни колку им пречи вашата желба за доминација на соработниците. Потрудете се да се смените.

Јарец
Се наоѓате во расчекор со желбите и можностите. Моменталната ситуација не ви ветува многу, но тоа може да го промени пристапот на проблемите. Не откажувајте се, бидете оптимисти, бидејќи ќе ви се случуваат само позитивни работи.

Водолија
Можни се проблеми од нервна природа. Избегнувајте се’ што ве оптоварува и само така ќе успеете да го зачувате здравјето. Најдобро за вас би било да се дружите со вистински луѓе. Потрудете се да ја зачувате позитивната енергија за да бидете задоволни.

Риби
Работите си доаѓаат на свое место. Поголем дел од вниманието посветете на работата. На проблемите приоѓајте им со разум за да постигнете успех во нивното решавање. Во спротивно, ќе се нервирате и тоа може да влијае на вашето здравје.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *