Овен
Постојано некаде брзате, но тоа не ви пречи бидејќи сте во добра форма. Финансиската ситуација се подобрува , па затоа и размислувате за летување. Партнерот повремено ве излудува, а и вие него. Наскоро следува промена на квалитетот на врската и тоа на подобро.
Бик
Постојано се нервирате, а за тоа немате реални причини. И покрај тоа што некои работи не се одвиваат така како што сте замислиле, бидете мирни и почекајте поволен период. Ќе биде се в ред и без напор ќе го остварите она што сте го наумиле.
Близнаци
Ви се случуваат убави работи, имате многу среќа. Малку припадници на знакот се жалат дека се оптоварени. Потрудете се да бидете и понатаму истрајни, особено кога е во прашање партнерот. Деновиве ќе решите битни проблеми.
Рак
Пријатен и неконвенционален ден е пред вас. Чувствувате потреба да се дружите и да учествувате во некои битни случувања. Се’ ви изгледа едноставно. Доколку ви се укаже можност да отпатувате, пред се’, тоа ќе биде поради лично задоволство.
Лав
И покрај тоа што сакате да оставите добар впечаток, тешко ви оди. Не барајте ја вината во себе, се однесувате коректно. Тешко ви е во последно време да се приспособите на толкави осцилации и случувања. Креативните особини се нагласени.
Девица
Се чувствувате убаво, но сакате таа состојба да ја споделите со другите. Со партнерот ги делите само убавите моменти, но имате време и за пријателите. Свесни сте колку ги имате и не можете се’ да постигнете. Очекувајте многу од овој ден.
Терезија
Постигнувате многу, но потрудете се пред да тргнете во некоја акција добро да ги процените сопствените можности. Имате многу пријатели на кои можете да се потпрете. Некој близок целосно ве излудува, не се давајте.
Скорпија
Работите не одат онака како што сте испланирале. На момент заборавете на неуспехот и препуштете им се на ситни радости. Партнерот ви е многу битен, но мора да бидете и многу трпеливи. Насочете се кон пријателите и рекреирајте се.
Стрелец
Она што не можете да го поднесете е осаменоста. Ве очекува друштво, многу радост и веселба. Конечно, можете да се олабавите, ги завршивте своите обврски и тоа поуспешно отколку што очекувавте. Слободните моменти посветете му ги на партнерот.
Јарец
Пријатните случувања влијаат на ослободувањето на напнатоста и заборавањето на проблемите. Доаѓате до сознание дека сте се нервирале беспотребно и сакате да се промените. Оваа состојба нема долго да ве држи, уживајте додека можете.
Водолија
Пријатен ден во кој прекрасно се чувствувате и заборавете на се’ со што сте опкружени. Дружење со Рак дополнително ќе ве олабави. Тој постојано ве прогонува, така што нема да можете да се ослободите од него. Внимавајте на слатките.
Риби
Добивате подароци и уживате во нечие внимание. Сето тоа ви помага да заборавите на актуелните проблеми. Бидете подготвени за промена на околината. Жртвувајте се, ништо нема да постигнете без труд. На емотивен план, без осцилации.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!