Овен
Самодовербата кај вас се враќа на голема врата, па оттаму ќе произлезе и вашата слобода да кажете нешто за што подоцна може да зажалите. Затоа внимавајте што кажувате пред околината и потрудете се да уживате во вашите пет минути без претерување. Коментарите се добредојдени само доколку никого не го навредат.
Бик
Она што другите го очекуваат од вас се судира со вашата замисла за тоа како сакате да настапите пред околината. Доколку не ја добиете шансата да се покажете во вистинска светлина, ќе се почувствувате предадено од оние што многу ви значат. Пред да се трудите да ги импресионирате своите најблиски, слушнете што имаат да ви кажат.
Близнаци
Не обидувајте се да бидете скромни кога реално имате потреба да ги прашате најблиските за совет или да побарате помош од нив. Убаво е чувството кога имате на кого да сметате тогаш кога ви е најпотребно. Дури и доколку сте сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор, сепак, мала консултација нема да ви наштети.
Рак
Не обидувајте се да ги рационализирате вашите акции, туку однесувајте се инстинктивно и нема да погрешите. Вашата интуиција многупати се покажала како успешна, па и овој пат сте на вистинскиот пат. И покрај многуте информации, точна е само онаа што се согласува со вашиот разум.
Лав
Имунитетот ви е ослабен и не се чувствувате најдобро. Театралноста за вас не е нова карактеристика и, како и секогаш, умеете да претерувате непотребно. Станува збор само за мал пад на енергијата, што постепено ќе го достигне нивото на кое сте научени. Само бидете трпеливи и не правете сцени без причина.
Девица
За вас се’ мора да биде проверено и точно, па затоа процесот на донесување конечни одлуки оди бавно. Можеби и имате право кога сакате секоја информација да ја проверите пред да одлучите нешто. Внимавајте од каде ви пристигнуваат податоците и на оној што постојано се обидува да ви го сврти вниманието на друга страна.
Терезија
Денот најавува убави случувања, пред се’, на емотивен план, со што, конечно, ќе успеете да го смирите својот дух и да им се посветите на моментите со партнерот. Што се однесува до работата, лицата родени во овој знак се познати по својата мрзлива природа, па соработниците ќе реагираат на таквиот индиферентен однос. Внимавајте на озборувањата.
Скорпија
Позитивното размислување може да доведе до промена на работите во професионалниот и емотивниот живот. Можеби е крајно време да ја прифатите реалноста и со поголем оптимизам да гледате кон нештата и кон иднината во целина. Избегнувајте ги судирите од каков било облик, бидејќи нервниот систем се’ уште е на удар.
Стрелец
Се’ ви се чини поважно од работите што се случуваат околу вас и проблемите на кои наидувате. Не дозволувајте да ви избегаат одредени нешта за кои подоцна нема да имате шанса да ги вратите во игра. Најдобро би било доколку сите важни одлуки ги донесувате полека и без брзање, со цел да воспоставите подобра рамнотежа со себе.
Јарец
Бидете претпазливи и добро размислете пред да ја прифатите понудата од страна на вашите соработници и претпоставени. Колку и да изгледа совршено, ако малку подетаљно ги процените нештата, ќе сфатите дека сте на чекор да влезете во игра од која многу тешко ќе излезете. Совет од вашите најблиски би можел одлично да влијае на вас.
Водолија
Воопшто не сте реални кога станува збор за оценување на реалната слика околу вас. Не сте свесни дека логиката не можете секогаш да ја оправдувате со вашите цели. Ситуацијата налага да размислувате малку повеќе од вообичаеното, па затоа внимателно донесете ја конечната одлука. Поразите доаѓаат ако не реагирате навреме.
Риби
Денес вашата самодоверба ќе предизвика да се чувствувате супериорно и да го постигнете она што ве интересира најмногу. Иако не знаете понекогаш да си поставите личен лимит до каде може да одите, сепак, ова е ваш период, па ќе умеете да се справите со нештата.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!