Top

Хороскоп за 03.10.2011 (понеделник)

Овен
Романтични сте и чувствителни. Ова е период кога ви е потребно посебно внимание од партнерот. Вредни сте и успешни во остварување на сите замисли. Здравјето ви е добро, но внимавајте на исхраната. Не претерувајте.

Бик
Ниту самите не знаете што ви се случува. Постојано сте во фрка, сакате да успеете, но не дозволувајте да се нервирате за бесмислици. Подгответе се за некаков јавен настап или возбудлив состанок во текот на денешниов ден.

Близнаци
Подгответе се за бурен период, бидејќи ќе мора да се откажете од едни задоволства, а ќе се препуштите на други. Крајно време е да почнете да се занимавате со нешто посериозно. Здравствените проблеми се придружени со голема нервоза.

Рак
Пречувствителни сте и затоа може да страдате од несоница и здравствени проблеми. Акцентот го ставате на партнерството, а од другите очекувате невозможни работи. Бидете трпеливи, бидејќи незадоволството е минлива работа.

Лав
Сакате да работите тимски, но тоа можеби и нема да ви успее, па затоа бидете подготвени. Запомнете ги сите денешни случувања и решението, со малку логика, ќе дојде брзо. Ве очекуваат возбудливи моменти денеска.

Девица
Ова време е идеално за да се посветите на хобито што ќе ви помогне да избегате од реалноста. На материјален план не ви цветаат рози, но бидете трпеливи. Не барајте го спасот во алкохолот, бидејќи ви е лошо здравјето.

Терезија
Работите вредно и добро се чувствувате, па сакате сите да го забележат тоа. Денеска очекувајте од шефот да ви понуди слободни денови како награда. Не плашете се од криза, бидејќи пријателите секогаш се тука за вас.

Скорпија
Доколку се трудите да решите некои важни прашања, нема да ви биде едноставно. Имате многу препреки на патот. Нервниот систем веќе долго време ви е загрозен, па затоа потрудете се да ги откажете сите обврски и да го пронајдете душевниот мир.

Стрелец
Работите почнаа да се движат по нагорна линија, па затоа бидете внимателни. Имајте трпение, барем тоа не ви е слаба страна. Избегнувајте неморална работа и трагично доживување на работите. Бидете оптимисти – тоа е најдобро за вас и за вашата состојба.

Јарец
Пријателите ви помагаат да издржите. Потрудете се да не се нервирате и избегнувајте насилни ситуации. Добро ги извршувате работните обврски. Сила ви дава партнерот, кој ве поддржува во се’. Сте размислиле ли за викенд надвор од градот?

Водолија
Пред вас се моменти на тешка и макотрпна работа без видливи резултати. Потребно ви е многу време за вашиот труд да биде признаен, но нема да се каете. Смислата за детали е нагласена и ако правилно ја искористите, нема да се каете.

Риби
Не ви е лесно. Морате да донесете одлуки за кои, најверојатно, подоцна ќе се каете. Тешките моменти искористете ги да работите нешто што бара помала концентрација. Одете на прошетка и олабавете се. Размислувајте за убави работи.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *