Овен
Среќата ви тропа на врата. Одговорете на нејзиниот повик и бидете сигурни дека нема да зажалите! На работа немате конкуренција. Имате можност да покажете се’ што знаете. Од храната исфрлете ги маснотиите и слатките. Со студена глава анализирајте ја ситуацијата.
Бик
Привлекувате личност за која не сте сигурни дали одговара на вашиот идеален тип. До израз ќе дојде вашата грижливост, практичност и подготвеност за напорна работа. Ќе ви помогнат медитацијата и вежбите за истегнување. Не ги потценувајте непријателите.
Близнаци
Денот ќе изобилува со пријатни доживувања и сознанија. Многумина ќе примат љубовна порака, која ќе ја засили самодовербата и вербата во подобра љубовна иднина. Зад поканата за патување се крие нешто интересно.
Рак
Не ги губете нервите на детали, односно заради нечие однесување. Постојат околности и личности, на кои засега не можете да влијаете. Подобро здивнете од работата и договорете се за вечерно излегување. Ќе ве развесели пријатно и насмеано друштво.
Лав
Ваша блиска личност ќе биде многу нервозна. Многу време ќе потрошите разговарајќи со неа за проблемите кои ја мачат. Ќе ве развесели една случајна средба. Финансиската ситуација на кратко ќе го одложи исполнувањето на плановите.
Девица
Здравствените проблеми се само последица од гладување или од претерување. Веројатно сте се опаметиле, почнете со диета. Емотивните заблуди се последица на погрешните постапки и неможноста да се приспособите кон материјалната ситуација.
Терезија
Многу припадници на овој знак имаат емотивни проблеми, проследени со љубоморни сцени. Кој ви е виновен кога не знаете да се поставите. Погрешните постапки водат кон инхибиција и страдање. Можеби една од причините е проблем со жлездите. Чувството на осаменост е неизбежно.
Скорпија
Ако само малку се потрудите, ќе најдете нови извори на забава. Една личност „опасно” ви се приближува. Ќе ви пречи нејзиното познавање и читање на вашите слаби страни. Потребни ви се повеќе предизвици и возбудувања.
Стрелец
Вистински момент е да почнете да се занимавате со својата линија. Би можеле да испратите порака до една личност, која смета дека неправедно ја запоставувате. Завршете важни телефонски разговори. Работата ви е на прво место, но и партнерот со кого ви цветаат рози.
Јарец
Доколку денес настаните не се одвиваат според вашите очекувања, не губете надеж. Ситуацијата во последен момент може да се сврти во ваша корист. Важно е да ја контролирате вашата нервозата и задржете ја контролата на своите реакции. Не откажувајте пред крајот.
Водолија
Не сакате да мирувате, па се насочувате кон љубовта, која ви цвета во последно време. Оној што ве интригира, го прави тоа суптилно и дозирано и затоа многу се нервирате. Ако сакате навреме да ги завршите работните обврски, бидете трпеливи.
Риби
Немате јасна претстава за тоа што сакате, можни се застранувања и промашувања. Романтично сте расположени, смислата за уметност е силна, едноставно, вљубени сте. Ќе бидете задоволни со постигнатото, затоа одете само напред.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!