Top

Хороскоп за 02.11.2011 (среда)

Овен
Ви се чини дека не оди баш онака како што сте испланирале. Работите се случуваат во погрешно време, и тоа кога воопшто не ги очекувате. Можни се емотивни несложувања, бидејќи сте склони на партнерот да ја префрлите вината за сопствените неуспеси.

Бик
Размислувате за емотивна врска заснована исклучиво на физичка привлечност. Кога тој сегмент ќе исчезне, повеќе нема да бидете заедно. Оние кои се во стабилна врска или брак ги очекува признание, деловен просперитет и многу љубов

Близнаци
Ќе се обидете некого да измамите, или некој ќе се обиде да ве измами. Во астрологијата тешко се гледа од која страна вие се наоѓате. Негувате погрешна претстава за врските. Можна е несоница и недостаток на упорност, посебно во работата што ја работите.

Рак
Среќни сте, и многу емотивни. Бидејќи околината на вас делува оптоварувачки, обидете се да направите дистанца и да не се внесувате во туѓите проблеми. Ќе ве израдува вест од личност која се наоѓа далеку. А на која интензивно мислите. Ќе бидете на иста бранова должина.

Лав
Ограничувањата во емотивниот живот се само минливи. Тие ја прават вашата врска многу поубава и постабилна. Што повеќе сакате? Наскоро со партнерот или новата симпатија ќе ве следат многу пријатни случувања. Сер разбудивте од зимскиот сон.

Девица
Толку сте окупирани со некој проблем што не ја гледате опасноста да станете жртва на нечии малверзации. Спуштете се на земја, вклучете го здравиот разум, кој често го користите на погрешен начин, и така проблемите ќе исчезнат. Бидете внимателни.

Терезија
Во фаза сте на преиспитување на пријателствата. Размислувате дека околината возвраќа на вашите несебични давања. Штом сте тргнале во таа насока, знакот дека треба да се дистанцирате треба да го видите во нечие однесување, не претерувајте како и секогаш.

Скорпија
Тешко е да се биде во ваша кожа. Не сте свесни за сопствените маани, па вината ја истурате врз невини луѓе. Тоа е една од причините за емотивно незадоволство. Бидејќи ги имате повеќе, обидете се во таа насока да размислувате. Објективно ви е потребен совет.

Стрелец
Помали проблеми со здравјето ви донесуваат општа малаксаност. Под услов да ги намалите активностите и да се свртите кон филозофски и верски теми. тогаш ќе бидете задоволни. Има толку нешта кои ве интересираат, а кои не бараат напор, како што е музиката на пример.

Јарец
Наидувате на ограничувања во емотивниот живот, никако не можете да се прилагодите. Сакате невозможни нешта. Обидете се да најдете утеха во работите кои ги сакате, да го работите она кое дава резултати. Се останато оставете на страна.

Водолија
Сакате да живеете во светот на илузиите. Како да ви годат лаги. Девицата нема да остане рамнодушна на вас. Прифатете го нејзиниот повик за состанок и обидете се да ја шармирате. Дали во последно време размислувате за конкретни промени на навиките? Би требало.

Риби
Среќни околности ви одат од рака. Но, не треба да го мамите семејството. Не го прикривајте проблемот, иако се грижите и не сакате да ги оптоварувате, сепак, треба да бидете искрени и отворени, бидејќи тие тоа го заслужуваат.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *