Top

Хороскоп за 02.06.2012 (сабота)

Овен
Деновиве пред вас ќе ви бидат особено интересни. Ве очекува многу уживање и забава со пријателите, со добра храна и пијалок. Потрудете се само да не претерате. Во семејството е се како што треба.

Бик
Многу е важно во следниов период да посветите внимание на комуникацијата, пред се на љубовен план. Погрешен збор упатен на личност која многу ви значи, би можела се да закомплицира.

Близнаци
Вашите калкулации на полето на финансиите се фантастични, но треба да бидете подготвени за изненадувања. Ако имавте намера да вложите пари во работа која може да ви донесе голема заработувачка, почекајте малку.

Рак
И денеска ќе бидете растргнати на сите страни, сакајќи да завршите се на време, па да се видите со сите со кои не сте се виделе. За добра забава потрбни се пари, па ќе има и трошоци. Партнерот е таинствен.

Лав
Лесно ги трошите парите и малку се расфрлате. Не се впуштајте во ризици, кои можат да ви го испразнат џебот. Новата деловна понуда само што не стигнала. Во љубовта е променливо.

Девица
Финансиските проблеми се вашата главна сопирачка. Наскоро многу нешто ќе биде во ваши раце, што ќе придонесе за подобрување. Не може се да биде како што вие посакувате. Бидете подготвени за компромис во врската.

Терезија
Се отвора можност да го продадете својот стан или куќа и парите да ги ставите во оптек. За тоа ви е неопходна согласноста на семејството, но и мала финансиска помош. Нема да биде лесно да ги убедите, но само трпеливо.

Скорпија
Разговорот за финансии во семејството ќе мине добро. Помала добивка. Патнерот е оптоварен со проблеми. Ако не сте во врска, можна е минлива авантура. Не очекувајте премногу.

Стрелец
Трпеливо одевте чекор по чекор до деловниот успех и стабилност и сега не треба да се грижите. Ненадејна добивка. Во семејството владее хармонија. Се подготвувате да започнете со реновирање на станот или на куќата.

Јарец
Денес работата ќе ја извршувате полека. Нема премногу да се форсирате. Ве очекува убаво и интересно попладне во кругот на пријателите. Постои можност со некој од нив да започнете врска. Здравјето е добро.

Водолија
На деловните изненадувања никако да им дојде карјот, но денес се ќе се одвива во позитивна насока. Финансиската ситуација е многу добра. Во љубовта тежнеете кон промена. Моментално ви одговара врска без обврски.

Риби
Во однос на изминатите неколку денови, денеска ќе бидете многу подобро расположени. Деловните планови тешко можете да ги реализирате, но не се откажувајте. Ве привлекува некој од работа.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *