Top

ДНЕВЕН ХОРОСКОП – 02.06.2011 (четврток)

Овен
Иако многу работи излегуваат од контрола, можете да бидете задоволни. Доколку се занимавате со креативни нешта, ве очекува успех, но можно е и малку да доцни. Бидете трпеливи. Задоволството барајте го во ситниците. Прејдете преку нервозата дружејќи се со близнаци или риба.

Бик
Исклучително успешен ден. Среќата ве следи насекаде, па тремата и возбудата исчезнуваат. Партнерот успева да ве придобие, па ве води кон многу нешта. Не размислувајте за неверство, бидејќи подоцна ќе се каете. Повеќе време поминувајте во природа, шетајќи и дишејќи чист воздух.

Близнаци
Не впуштајте се во сомнителни врски, бизнис-договори и други непотврдени работи, затоа што лесно можете да бидете измамени. Тоа нема да ви биде прв пат. Имате тенденција да ги идеализирате околностите, па лесно можете да се разочарате. Може тоа е причината за несоницата и за падот на имунитетот.

Рак
Доколку почувствувате нервоза, смирете се и бидете свесни дека тоа е нормална реакција на заморот и на напорната работа, која беше успешно завршена. Бидејќи на материјален план ви се случуваат непријатности, денот може да помине добро само ако се занимавате со уметност и духовност.

Лав
Благодарение на физичката агилност постигнувате се’ што сте зацртале, дури и повеќе од тоа. Бидејќи околностите ви одат од рака, се отвора вратата на успехот и задоволствата. Ќе бидете среќни на сите полиња, а што е најважно, успешно ќе контактирате со самите себеси. Пријатни моменти насекаде.

Девица
Бидејќи постапивте прилично невнимателно, ќе бидете изложени на различни видови разочарувања. Посебно треба да избегнувате „сомнителни активности“ со рибите. Рационалноста е загрозена, што значи дека треба да бидете свесни за овој ваш недостаток, кој, за среќа, е од минлив карактер.

Терезија
Променлив период во кој давате различни идеи и уште поразлични заклучоци. Вашата променлива природа може лошо да дејствува врз соработниците и најблиските пријатели. Сетете се дали и тие постојано ве торпедираат со нелогични нешта? Бидете разумни и приземни.

Скорпија
Повеќето планови се реализираат, па можете да мирни и бидете задоволни. Постои мала тензија поради вашата променлива природа. Не брзајте со активностите и чувајте ги личните работи, посебно вашиот паричник. Емотивно сте задоволни благодарение на некој Лав или Овен.

Стрелец
Очигледни се вашите настојувања да изнудите невозможни работи од колегите. Идеите ви се премногу очигледни, но бараат значителна флексибилност, својство за кое многумина можат само да сонуваат. Здравствената ситуација ви наложува да излезете на воздух и да прошетате заедно со партнерот.

Јарец
Зачестуваат караниците со партнерот. Прашајте се дали претерувате со своите барања и ситници. Доколку решивте да се занимавате со политика или недвижности, ова е повеќе од добар период. Ќе добиете поддршка од важна личност. Бидете толерантни спрема најблиските.

Водолија
Подготвени за уживање и забава, денот го поминувате во одлично расположение. Ќе добиете можност за работно унапредување. Иако редите успеси на работното место, не можете да се пожалите ни на емотивен план. Посебна радост ви носи партнерот и личностите што ви значат.

Риби
Рибите се соочуваат со работата, најразлични филозофски теми, патувањата, додека малку го занемаруваат личниот живот. Моментално се наоѓате во извесна дилема. Загриженоста е за патувањето и новите работни обврски. Успешно ќе ги решите препреките, па ве очекува одлично расположение.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *