Спиноза (30.05.2011 – понеделник, 20:00 часот) од Гоце Смилевски, во режија на Зоја Бузалковска. Улогите за Спиноза им се доверени на Васил Зафирчев, Александар Степанулески, Дарја Ризова, Катина Иванова, Борче Начев и Петар Стојановски.
Геноцид 21 (01.06.2011 – среда, 20:00 часот) од Љубиша Георгиевски под режисерската палка на Владлен Александров. На штиците што живот значат ќе зачекорат Јелена Жугиќ , Рубенс Муратовски и Роберт Вељановски.

2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (02.06.2011 – четврток, 20:00 часот) на авторите Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска и Венко Серафимов. Во улоги на Билјана Беличанец-Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.
Крвта не е вода (03.06.2011 – петок, 20:00 часот) од Сашо Колоканов, во режија на Сашо Миленковски. На сцената ќе ги видите Иван Петрушевски, Гораст Цветковски, Сашо Коцев, Игор Стојчевски, Билјана Беличанец -Алексиќ.
![]()
На gratisi@ilike.mk оставете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!