Top

Репертоар на Драмски театар – Скопје (26.09 – 02.10.2011)

После летната пауза, од оваа недела започнува нова сезона претстави во Драмски театар – Скопје. Ова се првите три претстави кои ќе бидат изведени на штиците што живот значат:

Како да ја убиеш сопругата и зошто (28.09.2011 – среда, 20:00 часот) од Антонио Амури во улога на Катерина Коцевска и Ѓокица Лукаревски.


Умри машки (29.09.2011 – четврток, 20:00 часот). “Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски премиерно беше прикажана на 12 јануари 1996 година во Драмскиот театар Скопје. Во главните улоги ќе ги видите: Јелена Жугиќ, Драган Спасов-Дац и Бранко Ѓорчев. Музиката е дело на Андреј Белјан, а, кореографија Кренаре Невзати – Кери.

Олово на перница (30.09.2011 – петок, 20:00 часот) под режисерката палка на Димче Николовски, чие премиерно издание беше на 13-ти март оваа година. Главните улоги им се доверени на Јелена Жугиќ, Бранко Ѓорчев, Игор Стојчевски и Драгана Костадиновска.

На gratisi@ilike.mk пратете го вашето име и презиме, а притоа посочете која од горенаведените претстави би сакале да ја погледнете. Доколку сте добитници на две гратис карти ќе бидете известени по меил. Среќно!!

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *