Top

Умри машки и Хамлет во Драмски театар (14 – 20.03.11)

Оваа недела, 14.03.2011 – 20.03.2011, на сцената на Драмскиот театар ќе бидат поставени 3 претстави, и тоа:

Умри машки (14.03.2011 – понеделник, 20:00 часот). “Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски премиерно беше прикажана на 12 јануари 1996 година во Драмскиот театар Скопје. Во главните улоги ќе ги видите: Јелена Жугиќ, Драган Спасов-Дац и Бранко Ѓорчев. Музиката е дело на Андреј Белјан, а, кореографија Кренаре Невзати – Кери.



Хамлет (15.03.2011 – вторник, 20:00 часот) од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Главните улоги ги толкуваат: Дејан Лилиќ, Бранко Ѓорчев, Драган Спасов, Катерина Коцевска, Викторија Степановска, Лазе Манасковски, Игор Стојчевски. Музичката подлога е дело на Горан Трајковски, костимите на Благој Мицевски, додека пак, сценографијата на Владо Ѓоревски.

Недела, 20-ти март е ден резервиран за втората мартовска премиера “Крвта не е вода” од Сашо Колоканов, во режија на Сашо Миленковски. На сцената ќе ги видите Билјана Беличанец – Алексиќ, Игор Стојчевски и Ванчо Иван Петрушевски.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>