Додека спиеш ти го гледам лицето и во совршената неправилност која сонот ти ја дава ги помислувам сите желби во една мисла: тука смислата расне за непознати вистини. Твојата топлина ми ја грее душата. Би можел да умрам од убавина. Од присутност. Би можел да умрам од живот кој се случува. Толку многу се случува што престанав да го чувстувам времето, да се грижам за минувањето и поминувањето. Така стареам со тебе: без време и со значење поголемо од секое возможно значење. Затоа можам да ти кажам дека денот и ноќта се разминуваат колку да го спојат природниот тек на нештата.
Додека се будиш ти го бркам сонот од трепките со проста желба: ова мора да трае. Тука сме. Во будењето срцето станува свесно за потребите кои мозокот ги раѓа и ги има: се расне од љубов секојдневно, исто како што се живее во љубов и се љуби во живеење. Во поспаноста на твојата кожа наоѓам нови мириси секое утро: оние кои биле, помешани со оние кои се, натопени во моите и тогаш разбудени; кога се будат мирисите човек станува свесен за своето опкружување и затоа утринава јас сум опкружен само со нас.
Во првиот поглед, секое утро носам проста насмевка. Ти се насмевнувам затоа што нешто се смее во мене. Тоа само лицето само ја отсликува душата. Потоа на врвовите од прстите излегувам од нашиот кревет и во пареата од утринското кафе го претпоставувам денот кој доаѓа: кога една насамевка се развлекува, таа значи неброени среќни мигови кои биле и кои ќе следат. Затоа во утрото те посакувам како живот.
– Добро утро – па те бакнувам на вратот. Слатко издишуваш.
– Добро утро – па насмевка.
Се туткам во тебе. Топлина на душата.
– Цел ден можам да го поминам овде- ти велам и те вдишувам. Повторно се насмевнуваш.
– Ги имаме сите денови – прост одговор. Се насмевнувам.
Кога некој ти го буди животот, сето останато добива смисла само заради тоа будење. Кога човек си го сонува сопственото будење, состојбата на будност е највистинита, само затоа што доволно верувал во својот сон. Кога сништата се живеат, среќата станува состојба, а не момент. Исполнетост. Вкус на живот. Толку секое утро. Никој не може да посака повеќе.
– Сакам да ти кажам нешто – тивко шепотиш.
Го подигам лицето и сосема блиску до твоите очи те гледам право во зениците. Сонот испарил сосема.
– Те посакав во еден сон и сега си тука.
Се насмевнувам и те прегрнувам со сето мое.
Утрото не може да донесе лош збор кога со чисто срце се буди сиот свет. Затоа сме ние. Затоа тука. И затоа секогаш се жигосувам со твоето по мене. Немам потреба од друг мирис. Од друг настан. Светот ме препознава по она што го живееш во мене. И го извикувам твоето име. Ѕвезда падната на глава, распрсната по очи.
Би можел да ги напишам сите најубави зборови.
Решив да ги живеам.

Автор: Сашо Димоски
![]()
Сакате да објавите проза или поезија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!