Иста љубов не можат никогаш други луѓе исто да ја љубат. Кога еднаш ќе се скрши, не се лепи. Ако зарасне, ќе зарасне со деформитети. Ќе биде искривена. Сосема крива љубов, која ја завлекува ногата кога се движи. Излезена. Отпорна на добрина. Љубов со исчашен врат, со криви очи, со испружена рака во празно. Иста љубов не можат други луѓе исто да ја љубат, станува и самата отпорна на сакање
– Не верував дека ова ќе биде – ми рече греејќи ги рацете со топлата шолја кафе.
– Не верував – одговорив и јас. Но, се случи.
– Знаеш што рече? – тивко изговори, не кревајќи го погледот од шолјата.
– Толкуваш лошо.
– Нема лошо толкување. Има само лоши зборови. Ти ги знаеш.
– Лошо толкуваш, ти реков.
– Грешиш. Не е тоа љубов. Не е тоа љубов. – па ја крена главата и ме погледна во очи.
– Нема освен љубов ништо друго внатре- и реков.
– Не изгледа така. Тоа не е сакање, разбираш?
– Има себичност во сакањето.
– Со тебе има лоши зборови за кои не сум сигурна дека и самиот ги разбираш.
– Разбирам.
– Се уште стоиш зад нив.
– Она што го реков, да. Она што го толкуваш, никогаш.
– Љубовта не се толкува- рече и стана од масата.
Ја гледав како излегува од кафулето. Ветрот и студот го правеа своето. Ми се замрзна лицето. Во толкувањето се губи она кое било најсвое. Го сфатив тоа. Можев да кажам дека се каам. Можев да кажам дека не го мислев тоа.
– Зборот камен боли по цело тело – си реков.
Имаше некаква тежина во воздухот. Моја тежина. Ми тежеа зборовите. Секој може со крива љубов, а секому му треба здрава. Таа беше од другата страна на патот и не се заврти. Сакав да се заврти и да ми каже нешто. Таа продолжи напред по тротоарот. Ја гледав како заминува. Она што го може зборот, ништо друго не може. А сакав да и кажам. Сакав да ме чуе. Таа го знаеше тоа. Го знаеше, исто како што знаев дека што и да речам нема да ја залепи нејзината душа. Пукната беше. Можев да ветам дека ќе ја чувам пукнатината. Не знаев колку сака. Нема никогаш да знам. Можев само да ги повторувам сопствените зборови.
– Зборот камен боли по цел живот – си реков.

Автор: Сашо Димоски
![]()
Сакате да објавите проза или поезија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!