Немој никаде да одиш. Не вели ништо. Погледни ме: ова е само живот, нема ништо страшно овде. Остани. Направи перница за мене од твоето рамо. Направи кревет од твојата душа. Да ти сонувам. Да ти бидам како што си ми. Не вели ништо. Ќе ти ја постелам кожава, можеш да ја облечеш ако ти студи. Можеш да го избришеш времето со неа. Остани. Ќе ти бидам време и никој нема да знае дека часовникот отсекогаш зборувал тишина. Ќе ти ги прераскажам сите љубовни приказни и ќе знаеш дека беа мои само за да научам дека во љубовта траеш колку што траеш во очите. Ми светиш во зеницата. Ми светиш во главата. Ги закопувам стравовите со овој збор. Се плашам само од сопствената желба за добро. Во добрината може да те прегази цело небо. Може да те размине секој човек. Мојата добрина за тебе ја нарекувам живот. Остани. Доброто се враќа со смеење. Ќе ти се врати како чекање. Човек мора да им се радува на лампионите, колку елката да има смисла. Ти ги чувам сите свои дарови под мојата стреа. Нема да скапаат никогаш. Нема никој да ги земе. Нема побезбедно место за твоето лице од оваа бучност во мене: кога светот ми го вика твоето име, а јас знам дека се повторува моето. Си имаме исто име. Така добро ми натежнува. Како раснење. Во името и со него. Човек секогаш може да си го избере сопственото име.
Остани. Немој никаде да одиш. Не вели ништо. Погледни ме: времето стои кога не си тука. Ништо не се случува. Никој не доаѓа. Зборот расне во мене за цел век живеење. Раснам во себе. Тоа твоите очи ми направиле живот.
Не стигнувај никаде со друго лице во очите. Гледај ме. Не оставај ме. Чувај ме како што те чува тапанот во моето срце. Со удари кои одбројуваат живот. Со тропот на чевел кој гази на мост што се клати- колку да стигне од другата страна на виножитото. Не стигнувај никаде без моите допири. Без моето време. Ќе нема кој да ти го чува стравот во сонот. За тоа сум јас. За да ти го заспивам сонот кога ноќта ти е отидена во некоја друга ноќ некаде. За да те вратам дома- во оваа соба каде времето почнува и завршува. Речи ми го она кое ти го велам. Повтори ми го срцето како што те повторувам со јазикот. Немам глас. Ми ги знаеш сите зборови. Речи нешто. Не вели ништо. Немој без моето лице да одиш. Не заборавај ме.
Немој никаде да одиш. Легни во мене. Сонувај. Ќе нé покријам двајцата со сето кое го имам. Ова горе. Едно небо. Толку мое. Легни ми на градите. Слушни ми го срцето. Тоа твоето име тропа внатре. Така заспивам. Така те будам. Со себе за тебе низ векот кој претстои.
Вдиши.
Ќе има друг сон за нас.
Направени сме од сништа, јас и ти. И ѕвездите.
Ова овде е само дел. Сето стои во идно време. Претесен збор.
Остани. Рано е. Ѕвездата уште не ми излегла на челото. Таму ме бакна прв пат. Таму те носам: како белег од раѓање по кои се познаваат оние кои го знаат небото.
Не кажувај ништо. Зборот – име ми вреди во животот колку живот.

Автор: Сашо Димоски
![]()
Сакате да објавите проза или поезија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!