Никогаш нема лош асфалт за сон во кој се верува; никогаш нема лоши услови за верување во чисти љубови, во чисти идеи. Светот се состои од прости нешта: луѓе кои се среќаваат, моменти кои се препознаваат како вистински, вредности кои траат. Траењето трае колку што трае и сонот во кој се верува, а кога еден сон се крши, од него остануваат само кревети без суштини и луѓе со празни гради. Кога едно траење веќе не трае, во душата се отвора дупка во која човек може да се удави. Давењето не е ништо друго освен проста последица од застој во вербата, а секогаш се верува во возвишености: споделена добра вест, споделена лоша вест, разговор за една точка во вселената, за некое добро или за некое зло. Споделена среќа чини олеснување за споделена тага која чека зад аголот. За сето тоа треба двајца. Двајца со прости погледи кои го гледаат во исто време сиот свет на ист начин и сето тоа заради истата љубов на која градат живот.
Јас оставив еден друг јас на тие улици, остарен во првата младост, со црни дупки под очите и со неверување во утре, но во овој град ме разбуди едно денес кое ќе биде секое утре во кое ќе се верува додека може да се верува. Градовите, луѓето и асфалтите се движат секогаш во насока на душата, само затоа што денот секогаш го носи она кое треба да се живее во тој ден и никогаш не се знае точно зошто е сето тоа за добро, но секогаш е за добро. Токму затоа човек не може да биде поголем од денот: често во еден прост ден се случува сиот живот и животите кои треба да бидат во тој ден.
– Кој те научи да љубиш? – ме праша додека тонев во сонот после еден долг пат.
– Сам. – одговорив и поспано издишав.
– Не можеш сам да си ја учиш љубовта.- ми рече и ме погали по главата, па продолжи- си љубел многу луѓе.
– Те љубам тебе – прошепотив.
– Секоја љубов е различна. Не постои љубов со универзален облик.
Се расонив.
– Како знаеш дека е љубов? – прашав.
Се насмевна. Во мракот видов како очите искрат.
– Знам дека си ти. Нешто топло во градиве. Некаква милост. Нервоза кога те нема. Лоши слики во главата кога те нема. Кога размислувам во ние, а не во јас. Кога ја забележувам твојата маица за спиење – кога си тука, ништо не ми значи. Кога реагирам според некоја твоја добра мисла.
Молчев. Не можев да зборувам за сопствената љубов. Не љубевме исто. Јас љубев со жртва, ти љубеше со добрина. Мојата жртва за таа љубов беше одрекување на моето, твојатa прифаќање на нашето.
– Знам само дека е добро – ти реков.
Ме прегрна. Заспав.
Градовите и луѓето се среќаваат во главата со многу вести. Со добри вести. Со вести кои треба да се премолчат. Кога во еден град животот станува нов живот, во него љубовта добива нова вредност. Затоа животот на асфалтот ги трпи чекорите направени од љубов. Затоа не постојат погрешни градови и погрешни љубови.

Автор: Сашо Димоски
![]()
Сакате да објавите проза или поезија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Одушевен
Браво!Преубаво напишано.