Кога би знаел колку само не сакам да мислам на тебе и колку само не сакам да ги повторувам и прераспределувам сите бои кои сонуваат во твоите очи; кога би знаел колку само тоа ме боли, би престанал да постоиш. Да, понекогаш често сакам воопшто да те нема, отколку да те има тука и на ваков начин. Верувај, не сакаш да знаеш колку многу може да се мрази љубов.
Кога те сретнав првиот пат ми се пресекоа нозете. Ми застана срцето. Немав воздух. Немаше свет. Немаше ништо друго освен тој миг, ти и сликата која ја создадов во себе за тебе. Мислам дека тој дел од секундата траеше бескрајно долго – се додека ти не влета во мене и не забележувајќи ме- само се извини за пресилниот удар во моето тело, додека јас се чувствував како погодена од гром. Во тоа претесно разминување – уште тогаш знаев колку многу ќе ме болиш.
Кога би знаел колку многу не сакам да те споменувам секое утро и секоја ноќ – би направил нешто за да престанат да постојат и денот и ноќта. Да, често помислувам дека е подобро да нема воопшто ништо- отколку сето ова овде.
Се однесував како себично девојче кое ја добило најпосакуваната играчка кога сред еден премногу тажен мај ја добив на подарок твојата насмевка. До ден денес не разбрав дали тоа беше сосема случајна насмевка или првиот потег на заводникот кој ги остава секогаш сите свои љубовници. И добив храброст. Ти купив еден бакнеж со вкус на шампањ. Ти ми даде уште една насмевка, раскажувајќи ми за солзите на смртно ранетите жени. Никогаш не помислив дека можеби јас ќе сум една од нив. Уживав во тебе, уживав со тебе. Уживав низ тебе и покрај тебе. Светот добиваше нови димензии и нови значења и доволни ми беше само да ме погледнеш – па да знам каде светот оди и што се случува; а всушност- секогаш знаев дека ме учиш за недостатокот од солзи во моите очи.
Денес имам премногу црвени очи. Кога би знаел дека сите ѕидови во моето секојдневие се премногу црвени – ти би создал бескраен простор без ограничување. Само кога би знаел…

Автор: Сашо Димоски
![]()
Сакате да објавите проза или поезија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!