Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (30.09.2022)

Овен
По долго време на застои, конечно, се’ ќе ви тргне напред. Се’ ви оди во позитивен правец, затоа потрудете се повеќе да соработувате со колегите. Можни се двоумења кои лесно ќе ги разрешите.

Бик
Се чувствувате доволно силно. Бидете свесни и не преценувајте си ги способностите. Правите лоши потези, а тоа лошо се одразува на понатамошниот тек на случувањата. Внимавајте на хормоните.

Близнаци
Денот ќе ви биде проследен со крупни случувања и новости. Потрудете се повеќе, бидејќи нема се’ да ви падне од небо. Не филозофирајте премногу и тргнете во акција. Бидете внимателни во однос на здравјето.

Рак
Комплицирани сте и тешки за околината. Но, не сте вие виновни што сте пречувствителни и што реагирате на секоја ситница. Многу работи ви се непознати, но решението на енигмата е близу до вас.

Лав
Клопчето со љубовни проблеми полека се размотува. Каков и да е расплетот, бидете сигурни дека ќе биде подобар од неизвесноста. Бидете внимателни со калориите и цигарите.

Девица
Работите во домот полека стивнуваат. Нешто се случува, но тоа треба да ги ублажи вашите грижи. Ова е ден на убави вести, па подгответе се да ги чуете. Со партнерот почнете да ја планирате иднината.

Терезија
Влегувате во поволен период, а на ваша страна се и планетите. Бидете трпеливи и проблемите што ве опкружуваат ќе бидат далеку зад вас. Премногу сте толерантни во моменталната ситуација.

Скорпија
Имате преголема желба за доминација. Доколку очекувате пари или некое наследство, денес ќе знаете на што сте. Бидете внимателни во односот спрема другите и спрема вашето здравје.

Стрелец
Конечно тргате во акција и обврските ги завршувате со голема леснотија. Очекувајте расветлување на голем дел од проблемите. Оние што се слободни може да очекуваат интересна средба.

Јарец
Доколку сте депресивни, причина за тоа е неподготвеноста за соочување со проблемите. Бидејќи станува збор за нешто сериозно, најлесно ви е да се нервирате. Морате да сфатите дека треба да влијаете на работите.

Водолија
Само пријатно друштво може да ве извлече од депресија. Здравствената ситуација ви е комплицирана. Се чувствувате незадоволно, а и самите не знаете зошто е тоа така. Помогнете си себеси.

Риби
Конечно дојде моментот кога сте подготвени да тргнете во акција. Поминувате од зборови на дела и тоа е многу позитивно. Долго време бевте пасивни, но работите постепено се кристализираат, па се’ ви е некако полесно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>