Овен
Денешните аспекти покажуваат можности за проблеми со луѓе или жени кои би требало на некаков начин да ви се најдат на услуга, бидејќи извршуваат такви занимања, вообичаено шалтерски работници, сервисери, услужни дејности, мајстори и слично, нема да се случува ништо посебно но зад лажната љубезност која нема да ја забележите веднаш можат да се кријат лажни ветувања, погрешни информации, од позиција на засилено его, фрустрации, мрза и слично. Ако некој од некој си сервис, кој треба нешто да ви поправи или замени во гарантен рок, решил дека не му се допаѓате, на пример, може мазно да ве излаже дека денес ќе дојде екипата, а таа да дојде во среда ама за еден месец потака.
Бик
Може да имате многу пориви кон забава што е убав порив, само средината на неделата не ви одговара, иако и тоа на нашево поднебје не е некаков голем проблем. Денес многу муабети за љубовта, запознавањата, некој можеби ќе ви раскажува тазе новости за таквите лични случувања или пак вие ќе бидете во прилика да ви се случуваат такви нешта. Претпочитам дека се работи за нови нешта, можеби зачетоци на нови љубовни вибрации кон некого, ново запознавање кое ви дава надеж за можна врска. Во секој случај, симнете ги розовите очила и бидете реални. Имам благ впечаток дека тоа не сте според аспектите за вашиот знак.
Близнаци
За нешто ново кое се обидувате да го започнете или спроведете, освен вашата легендарна подвижност, љубопитност и секако ингениозност, ви треба и нешто што ќе ве направи непобедливи, но за жал, малкумина од вашиот знак го имаат, а тие што го имаат влегуваат во енциклопедии и листи на најпознати. Тоа нешто се нарекува доследност и упорност. Ги немате, па многу работи кои ќе вроделе со неверојатни резултати, сте ги оставиле на пол пат недовршени, започнати, недоодени. Понекогаш сте во илузија како оправдување и алиби дека нешто нема да успее, а во суштина заради немање на доследност и упорност во дотерување на нештата до крај. Денес ви е таков денот.
Рак
Немам некакви проблеми со вашите аспекти, а не би требало да имате и вие освен можеби доста проблематични односи со блиски личности, најчесто женски род, но не сум исклучив по ова прашање. Односите мора да ви се и од минатото проблематични, нереални, и тоа поради вашите илузии дека некој така близок како мајка, брат, сестра или блиска роднина не може да лаже и да мами, а може, и најчесто и реалноста и книгите се полни со токму такви примери. Од непознатите очекуваме да не лажат па не им се лутиме, но судовите полни од излажани родители и излажани деца. Токму тоа може да ви се случи денес, некој да се обиде од блиските да лаже за нешто значајно.
Лав
Морате денес да бидете доста внимателни по прашање на цените, и тоа не само во продавница или маркет, а би ви советувал таму да бидете и највнимателни, туку воопшто на сите места, работи и занимања каде се работи со пари, инвестиции, каде се насочуваат или пренасочуваат финансиските текови. Можеби ќе бидете доведени во заблуда поради лага, полувистина, ненавремена информација или намерно измешување на цените, што е практика на сите големи маркети без исклучок. Ако пак купувате поголемо количество на продукти, проверете ја листата, односно сметката, некои чудни и многу поскапи артикли од, на пример кило шеќер, имаат многу блиски шифри кои се разликуваат за еден број, а сметката за една нула повеќе.
Девица
До половина на денот ќе се бафтате со некакви финансии што лесно може да ви е и професија или занимање, но не ја исклучувам можноста и за приватна ангажираност околу финансиите и парите. Од нешто попладнето, ќе се занимавате со емоциите, сопствени или на друг близок, и секако ќе бидете исклучително критични притоа, освен ако не се работи за ваши лични емоции, да не речам чувства, од љубовни, но и не само од таков вид. Односите со мајката, на пример, можат да ве фрустрираат, посебно ако сте и вие женски род, да се прашувате дали некоја мајка е толку бесчувствителна и ладна како вашата кон вас. Ме интересира само, дали забележувате дека и вие можеби сте такви кон своите деца.
Вага
Голема е можноста денес да имате долг муабет со пријателка, без оглед на кој пол вие му припаѓате, и да споделите некакви тајни конспирации, нешта кои не се за ушите на поголемиот дел од личностите во вашето опкружување. Но темите можат да бидат доста проблематични и невалидни како заклучок, бидејќи можеби во сето има многу илузии, погрешни концепти и идеализации, повикување на некакви добри обичаи кои постојат само во вашите глави, многу погрешно насочени емоции и поради тоа субјективност.
Скорпија
Денес интензивен социјален живот, можеби со некого со кого делите исти емотивни врски, значи пријател/ка, а можеби и дружба со таква личност поради некакви ваши финансиски потреби или настојувања за некакви поголеми добивки. На оваа тема варијации многу, но би требало да внимавате сепак, бидејќи ако имате побарувања, можни се доста лаги, неискрености, од позиција да не ве навредат, а работата не можат да ви ја завршат или едноставно не сакаат да си го заложат бонитетот кај некого трет, си го чуваат за себе или за некој поблизок. Истото може да се случи и во спротивна насока.
Стрелец
Малку потврд денот денес за вашиот знак, можеби и имате одлични планови и претпоставки за нивно успешно реализирање, но губите од предвид само една работа, а тоа се луѓето кои треба да учествуваат во вашата замисла. Тоа не се баш од доверба, немаат силен дигнитет, кажаното не им е тврдо и сигурно, можат да неисполнат, да не се дисциплинирани, а освен тоа знаат да се служат и со невистини. Ова е посебно проблематично и најчесто ќе ви се случува на деловен план иако приватниот не го исклучувам, но последиците на вториов ќе бидат побенигни.
Јарец
Каква и да имате денес намера да правите во смисла на средување или подготвување на некаква документација, правете го тоа со двојна концентрација и внимание, можни се грешки и тоа од позиција на неинформираност, значи проверувајте ги и најбезначајните по вас информации од две места, поради лаги, поради илузии или идеализации. Секако прашањето е каков вид и тип на документи се во прашање, а јас би ви одговорил секакви, од обични, потврди до тендерски барања, посебно склучување и подготвување договори или пополнување на некакви деликатни обрасци.
Водолија
Денес можно е да ве лажат и тоа поприлично, посебно ако очекувате некаква помош, поддршка, застапување од женска личност, која веднаш ќе откриете дека ве мами, лаже или измислува и поради тоа ќе бидете доста фрустрирани, а не ќе можете да и кажете поради некоја причина или надеж дека ќе ви затреба во животот. Можам да ви кажам дека таа можеби и ќе ви затреба, како некој кој може да ви заврши работа, ако сака, но главно, во 99 отсто од случаите нема да сака. Тогаш што ќе ви ја.
Женскиот дел од знаков може да почувствуваат недостаток од емотивна топлина од страна на партнерот.
Риби
Можни ви се денес доста инхибиции, па и фрустрации или поради однесувањето на женска личност и тоа на јавно место или објект или истово би можело да ви се случува поради партнерот, во најголем број на случаи, партнерката. Но без оглед на полот заедничко ќе им е дека може да биде во прашање некаква лага за тема за која знаете се, па откритието дека некој кој да речеме се уште ви значи се обидува да ве излаже или измами, може да ве фрли во немала фрустрација, а секако можни се и други несакани последици или реакции. Капка која ја преполнува чашата, во случаи на лоши односи.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!