Top

Хороскоп за понеделник (28.02.2022)

Овен
Водени од гласот на разумот, одлучно трнувате во акција. Уште ако имате добро промислено и анализирано сите варијанти, ќе биде одлично. Само со конкретни акции можете да ја докажете сопствената вредност. Од празни зборови не се живее. Имате емотивни нејаснотии.

Бик
Хармонија и убавина во сите сегменти на животот. Љубовта и уметноста се на прво место, но ни другите сегменти не изостануваат. Доколку имате проблем со жлездите и хормоните, побарајте совет од стручњаци. Лавовите ви нудат нешто повеќе од соработка.

Близнаци
Многу работа бара силен нервен систем. Размислете за тоа пред да ја прифатите работата. Бидејќи немате објективна претстава за сопствените вредности, зашто се уште сте големо дете, партнерот би можел да ве изведе на вистинскиот пат. Трошејќи енергија и губејќи време на неважни работи, може да дојде до напнатост.

Рак
Во односите со спротивниот пол имате беспричинско чувство на пониска вредност, и тоа зашто недоволно верувате во себе. Затоа имате повремени напади на љубомора, кои најчесто се јавуваат без повод. Навистина, партнерот е компликувана личност, но мора да се изборите со неговата тврдоглавост.

Лав
Лавовите уживаат во сите животни радости. Одлично се чувствуваат, полни се со креативна енергија и љубов. Сепак, пожелно е да се биде умерен во се, зашто ако претерате со насладите, може да имате погубни последици за здравјето. Биковите и Терезиите се личности во чие друштво најдобро функционирате.

Девица
Пред вас е напорен ден, мора да ги вложите сите расположливи сили за да го завршите. Тешко се откажувате од започнатото, но пожелно е да го сторите тоа, ако сакате поедноставно да функционирате. Веќе утре, со леснотија ќе ги исполните сите обврски, па проблемите ќе исчезнат како со рака однесени.

Терезија
Можни се здравствени проблеми поради претерана попустливост и нервирања. И уживањето во слатките може да создаде дополнителни непријатности. Потребно е да се однесувате согласно со својот симбол- урамнотеженоста. Со партнерот сте во добри односи. Слободните Терезии влетуваат во нова врска.

Скорпија
Само Водолијата може да ве врати од состојба на апатија. Наместо да паничите во страв од иднината, поврзете со Водолија, па тагувајте во дует. Кога ќе ви здодее, ќе ви дојде нова идеја, која воедно е и идеално решение на проблемите. Не ви е лесно, но сетете се на некои поранешни искуства.

Стрелец
Понекогаш е добро да умеете да раскажувате. Денес вашите зборови вредат злато. Нижете успеси во сите работи што ви го окупираат вниманието. Лесно можете да ги прецените своите физички можности, па да се доведете до здравствени проблеми. Моментално е на удар метаболизмот и нервниот систем.

Јарец
Желбата за доминација е нагласена, па не му замерувајте на партнерот ако ви каже дека го оптоварувате. Размислете за тоа колку неговите зборови се точни и обидете се да промените нешто кај себе. Од новиот пристап кој околината сите ќе добијат, а вие – најмногу. Зошто секогаш сте во право?

Водолија
Вложувате максимален напор, но постигнувате минимални резултати. Сепак трудот ќе се исплати. Избегнувајте непромислени изјави и насилство, зашто може да имате сериозни проблеми. Доколку ви се загрозени дишните патишта, шетајте на свеж воздух. Дружете се со Скорпии.

Риби
Доброто расположение, склоноста кон усовршување и новите погледи на старите проблеми -денешниот ден го прават интересен. Скорпиите ви помагаат подобро да функционирате, но во нивно друштво се чувствувате помалку вредни. Настојувајте секогаш дабидете свесни за сопствените квалитети.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *