Овен
Обидете се да се смирите. Доколку никој не успее да го загрози вашиот интегритет, ќе успеете. Нема да бидете во ситуација да ги испровоцирате другите, но затоа тие ќе се обидат тоа вам да ви го направат. Внимателно.
Бик
Доколку ги совладавте пречките, можете слободно да здивнете. Бидејќи не сакате да прифаќате совети од страна, најдобро би било да учите од сопствените грешки. Ќе се обидете да функционирате во партнерско-брачните односи.
Близнаци
Некои пари се во игра, но не изненадувајте се доколку тие малку задоцнат. Подобро ќе биде веќе од следниот месец. Ќе му помогнете на некој Стрелец или Скорпија. Доколку добиете ненадејна понуда за патување – прифатете ја.
Рак
Обидете се да побарате совет од некој добар пријател, доколку го имате. Една Терезија, на пример, може да ви помогне најмногу финансиски. Ако некој се обиде да ги спушти ниско вашите квалитети возвратете го ударот. Не трпете се’ во себе.
Лав
Лавовите продолжуваат со имиџот на „љубовници со голем стил“. Обидете се да ја заведете личноста за која сте заинтересирани. Ќе бидете во ситуација да реагирате премногу емотивно, па затоа другата страна погрешно ќе ве протолкува.
Девица
Вниманието им го посветувате само на погрешни личности. Се случуваат некои чудни работи. Разумот ве напушти, па сега се потпревте само врз вашите чувства. Нервниот систем е во криза.
Терезија
Околината прави се’ што е во нејзина моќ да ви го упропасти денот. За жал, и не мора многу да се труди бидејќи вие самите си ги создавате проблемите. Бидете претпазливи бидејќи наивноста може да ви предизвика дополнителни проблеми.
Скорпија
Само што помисливте дека уловивте нешто, останавте изненадени бидејќи уловот никаде го нема. Менувајте ја јадицата или мамецот. Стрпете се уште неколку дена, па емотивните несогласувања ќе се средат.
Стрелец
Се’ ќе биде во знакот на работните успеси, материјални добивки и слично. Полека се смирувате. Кога малку подобро ќе размислите немате причина за нервоза. Преземете нешто конкретно и бидете решителни во истото.
Јарец
Благиот пад на имунитетот е една од причините за вирусни инфекции. Можеби поради тоа сте нервозни и затворени во себе. Понекогаш е пожелно да се отворат четири очи. Обрнете екстра внимание на луѓето од вашата непосредна близина. Се обидуваат нешто да ви кажат.
Водолија
Кај вас љубовта доаѓа спонтано. Партнерот ќе направи се’ за да се чувствувате фантастично. Сигурно нема да претера со нежности бидејќи така може да се најде во непријатна ситуација. Размислете што навистина сакате од врската.
Риби
Бидете претпазливи со вашите планови бидејќи постои опасност да се изгубите во нив. Бидејќи повеќе ви одговара да слушате музика и да водите празни разговори може да се случи од понудените прилики да ја изберете најлошата.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!