Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (25.12.2023)

Овен
Сосема случајно може да запознаете интересна личност. Што се однесува до работата, можете да изберете подобар начин за докажување. Ви недостасува храброст. Здравјето во овој период е променливо.

Бик
Денеска во секој случај ќе ви биде полесно од вчера. На деловен план многу се потпирате на ветувањата на одредени луѓе чијашто позиција е на расклатени нозе. Во поглед на здравјето можете да се олабавите –добро е.

Близнаци
Идеализирањето на љубовта може да ве одведе во разочарување. На полето на кариерата ве очекуваат многу предизвици, но вие сте доволно талентирани да се носите со нив. Здравјето за сега е добро.

Рак
Кога се работи за љубовта, врската се уште опстанува, но незадоволството е се поголемо. За разлика од претходните денови, денеска на работа ќе бидете некако повлечени. Барем, здравјето е добро.

Лав
Еден ваш погрешен потег може се да расипе на планот на љубовта. Сепак, на деловен план почнавте да ги реализирате целите, но ве запираат финансиите. Внимавајте на здравјето, можна е аритмија.

Девица
Кога станува збор за љубовта, препорачливо е да направите пауза, пред да бидете сигурни што сакате. На работа ситуацијата е чудна, некои колеги ве озборуваат. Тоа ви се одразува и здравствено, па можна е расеаност и психичка пречувствителност.

Терезија
Треба да инсистирате на разговор, зашто партнерот ве напаѓа без причина. Денеска може да дојдете до решение за проблемот околу службеното патување. Треба да обратите повеќе внимание на здравјето и да избегнувате пороци.

Скорпија
Емотивните проблеми ќе бидат актуелни уште некое време за вас. Во меѓувреме внимавајте да не бидете погрешно сфатени на работа. Не е лошо и да обратите повеќе внимание на здравјето- имате чувствителен уринарен тракт.

Стрелец
Официјализирањето на врската нема да придонесе за нејзината стабилност. Во деловниот живот, секогаш треба да се избегнуваат нелегалните работи, но во овој период треба са бидете многу внимателни, особено ако имате приватен бизнис. Здравјето е добро.

Јарец
Мора да смислите подобри изговори кога сакате да се ослободите од некој што е наметлив во љубовта. На работа, треба да се навикнете на озборувањата и не се нервирајте. Внимавајте во сообраќајот.

Водолија
Ве очекува разочарување во љубовта. Некој кој многу ви значи, паѓа во вашите очи. На работа однесувајте се дисциплинирано и трпеливо. Некој не е задоволен од вас. Не земајте лекови самоиницијативно.

Риби
Кога е во прашање љубовта, како да ви годи да ве лажат. На работното место, помалку зборувајте за своите планови пред другите. На здравствен план, срцето и понатаму ви е слаба точка.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>