ОВЕН
Прилично добар ден денес, иако низ муабет и разговор може некому прилично да му згазнете на плускавец. Вие нема да го забележите тоа, бидејќи нема да бидете свесни за тоа што сте направиле, дури многу подоцна ќе ви стане јасно дека и зборовите имаат тежина, иако сами по себе не мора да се од тешките и тврдите. Сакам да ви кажам дека треба да бидете малку посвесни од вообичаено и да внимавате што и кому зборувате, бидејќи партнерот или пријателот може да ви прости, но некој значаен и моќен, што подразбира и суетен, можеби, нема.
БИК
Ненадејно еден подарок за вас во смисла на поволни аспекти за вашиот знак денес, иако не комплетно. Можеби околу пладне малку повеќе нервоза, во зависност од тоа што и дали работите, дали сте сами свој газда или сте во наемен однос, во смисла на можни препукувања со претпоставениот, шефот или со некој што мисли дека е тоа, и најчесто околу некакви сметки, финансиски текови препорачувам зголемена концентрација и внимателност.
БЛИЗНАЦИ
Прилично напнат ден за вас. Јавноста, односно она што вие го сметате за јавност, денес е прилично непријателски настроена кон вас, не ви ги прима муабетите, сe е некако на дур и викање. Тоа може да ве вознемири, растревожи, а кога сте во таква состојба, правите поголеми гафови и грешки. Ова се однесува и на односот со партнерот, кој денес може да е доста тврд и напнат и да сте во најдобрите, а ако не сте, што да ви објаснувам. Кај вас фрустрацијата лесно се пренесува како потреба нешто да се честите, што би се свело на непотребни трошоци од психолошка причина.
РАК
Прогнозата за вашиот знак денес е топло-ладна, и тоа неколку пати денес, што претпоставува дека ќе имате големо трошење на енергија. Според тоа, ќе бидете доста раздразливи, па за да се заштитите, може да се повлечете во својот оклоп ставајќи маска на рамнодушност, незаинтересираност која е доста вештачка и така поставена, ги иритира другите. Сакам да кажам, не примајте сe здраво за готово денес. Имајте малку повеќе флексибилност кон другите, кон односите и случувања, кои ми е доста тешко да ги опишам поради скудноста на просторот. Сепак, денот ќе го завршите во убаво расположение.
ЛАВ
Денов не ви е добар. Имате можност за прилично големи судири со егото на некој значаен, претпоставен, некаков авторитет. Но егото може да страда, и вашето и неговото, а во таа конотација, судирот и недоразбирањата можат да се и поради вашето дете или со него, негова немарност, незаинтересираност наспроти вашите очекувања, напори (читај врски и протекции) и инвестиции. Не стоите многу добро ниту на љубовен план, а на овој може да бидат доведени во прашање вашите изразена волја и став и да се судрат со нечии чувства. Тука победник нема, има само повредени.
ДЕВИЦА
Бидејќи сакате прецизност, можно е и вака да се долови прогнозата за денес. Рано наутро, некој што цел живот станува со кокошките и војнички командува што и како треба. Претпазливи сте и внимателни, не сакате да си го расипете денот, иако знаете што би одговориле. Затоа запнувате да се докажувате на деловен план или, пак, објаснувате нешто на постара жена, која, очигледно, не ве разбира или не сака да ве разбере. Околу 11 часот, можен е немарен и незаинтересиран однос на претпоставениот кон важна работа што ви ја дал да ја завршите, што ве нервира и фрустрира. Околу 16 часот, телефонско јавување што ќе ви го промени расположението кон подобро и такво ќе биде до крајот на вечерта, со можни мали олимписки игри во постела.
ВАГА
Многу активности денес уште од изутрина. Финансискиот план ви е одличен, некаков ситен проблем на едниот родител е решен, освен ако е некаква документација или обврска базирана на тоа. Тогаш ќе оди доста тешко. А како што се оди кон пладнето и кон крајот на работното време, сe е позгуснато, понапнато, тешко за едвај да го дочекате крајот. Но затоа од пет-шест часот попладне до доцна вечерта, прилично убави аспекти на релаксирање, некакво дружење, можеби убави муабети, посета и слично.
СКОРПИЈА
Аспектите покажуваат дека вашиот поубав дел од денот е по работното време и обврските, иако и утрото до пладне нема да биде лошо, напротив. Еден период може да очекувате понапната атмосфера од 11 до 17 часот, особено единаесет, кога е можна некаква претконфликтна состојба поради некаков разговор со надредено лице или, пак, личност која се смета за таква, а вие не го почитувате тоа. Но веднаш потоа некаква сатисфакција или одобрување од оние што работат со вас или завршување на некаква работа. Попладнето, реков, прилично релаксиран период.
СТРЕЛЕЦ
Денес малку ви е напнат денот. Околу 9 часот изутрина, веднаш некакво аргументирање и недоразбирање со претпоставениот или со некоја личност која се смета за значајна во околината. За да го потврди тоа, мора некого да испитува, да го обвинува, а вообичаено нападнатите молчат, а вие не. Но внимавајте на количеството оган што ќе го истурите. Иако можеби неправедно обвинети за доцнење или за доцнење на некаков проект, задача, иако можеби ова ќе се случува пред ушите и очите на околината, не правете си непотребно дополнително непријателство.
JАРЕЦ
Судејќи според утрото, одличен ден за вашиот знак и за поголемиот број негови припадници, особено за оние со земјени и со водни знаци, нешто понапнато за оние со огнени, а можеби доста неутрално за оние со воздушни. Имено, уште од изутрина имате можна сатисфакција на вашиот авторитет, па оттаму и некакви благопријатни чувства. Нормално, аналогно однесување, што значи дека со подигната фреквенција на чувства, несомнено, ќе влијаете и на околината, која ќе ви возврати на ист начин. Внимавајте малку на периодот околу пладне, кога аспектите стануваат потврди. Но, велам, со вашето благопријатно однесување, нема ниту да ги почувствувате.
ВОДОЛИЈА
Денес може да имате интересен ден, па ќе ви раскажам една од можностите. Можеби денес еден од вашите најголеми непријатели може да доживее вистинско фијаско и дебакл во обидите тајно да организира уште неколку истомисленици. Едниот од нив нема да ја почитува конспирацијата, па може јавно да реагира и да побара да биде оставен на мира, што нема да биде баш пријатна ситуација, освен за вас, се разбира. Нормално, нервоза и исплашеност од ваквите реакции на оние што учествувале во заговорот, од страв да не бидат откриени. Попладнето е можна посета од роднини.
РИБИ
За жал, не можам да кажам дека денов може да ви биде добар. Можеби ќе ви се види таков до 9 часот, но до 16.30 може да биде доста напнат, тежок, непријатен поради некакви такви контакти, а вие да сте доста невнимателни, неконцентрирани. Најлошиот момент од аспектот е да не се согласувате за нешто со претпоставениот, со некаков негов став или одлука и да му го кажете тоа. Воопштено, ова може да биде и судир со авторитетна личност и надвор од работата, не сите од вашиот знак работат, нели? Но попладнето, по работното време, можеби вашето расположение ќе се разведри, но зависи од количеството исфрлени отрови претходно.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!