Top

Хороскоп за среда (24.08.2022)

ОВЕН
Ако мислите дека времето е на ваша страна, се лажете. Доколку сте студент, крајно време е да се позанимавате со испитите, а за останатите – да ги завршат своите проекти и работи. Заткулисните игри овој пат нема да ви помогнат. Засукајте ги ракавите и фаќајте се за работа!

БИК
Вашиот однос со еден близок колега денеска ќе биде ставен на тест и тоа поради финансиски проблем. Не дозволувајте општата беспарица да ги истроши вашите нерви и да ве натера на кавга со добар колега.

БЛИЗНАЦИ
Ако сте заљубени, ве чека прекрасен ден. Партнерот по секоја цена ќе се обиде да ве заведе и притоа нема да бира ниту начин нити средства. Слободните Близнаци ќе размислуваат за својата иднина, но препорачливо е да не брзаат со своите одлуки.

РАК
Ќе ве разочара една одлука на вашиот шеф која ќе се однесува на вас. Немојте случајно да им покажувате на колегите дека сте депримирани, туку одглумете насмевка. Поканете го шефот на разговор и потрудете се да му повлијаете да го промени своето мислење.

ЛАВ
Позитивниот став и разумниот пристап кон работата е единствен начин да го преживеете денешниов ден. Шефовите ќе бидат во хаос и ќе прават грешки, кои ќе ви ги препишуваат вам. Благодарение на вашата снаодливост, негативните последици ќе бидат ублажени.

ДЕВИЦА
Денеска ви е одлично аспектирано дружењето со блиските пријатели. Сепак, не би било в ред доколку поради тоа ги занемарите своите работни обврски, па затоа добро организирајте се за да го завршите тоа што мора да го направите.

ТЕРЕЗИЈА
Денешниов ден би можел да биде почеток на низа позитивни промени. Соработката со некој нов колега ќе излезе плодна и успешна, но на љубовен план би можеле да се соочите со проблеми и тоа само затоа што ги криете чувствата.

СКОРПИЈА
Во текот на утрото бидете внимателни и промислени во она што го потпишувате, а сите нејаснотии во комуникацијата отстранете ги детално. Не дозволувајте никој да влијае врз вашите деловни одлуки. Попладнево ќе се олабавите во убаво друштво.

СТРЕЛЕЦ
Колегите ве исфрлаат од рамнотежа. Едноставно, не можете против нивниот работен ритам, иако нивните одлуки ви изгледаат бескрајно глупаво. Со оглед на тоа што вашиот труд нема да донесе резултати, повлечете се настрана и останете пасивни извесен период.

ЈАРЕЦ
Денеска ќе запознаете многу интересно лице на кое тешко ќе можете да му одолеете. Ако сте во стабилна врска, внимавајте што правите зашто би можело да се случи сешто. На работа потрудете се да ги задржите конците во свои раце за да не дојде до несакана експлозија.

ВОДОЛИЈА
Вашите барања и тврдоглави ставови денеска ќе ви ја отежнат и така комплицираната деловна ситуација. Единствено решение, за жал, се толеранцијата и компромисот, па затоа обидете се да се однесувате во согласност со нив.

РИБИ
Денешниов ден ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, збришете од работа и обидете се да го минете денот како што сакате. Ако, пак, не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *