Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (23.05.2022)

Oвен
Денешните активности бараат дополнителен напор ако сакате да ги извршите според планот. Помина времето кога можевте да се однесувате како што сакате. Во меѓувреме, станавте свесни за сопствените потреби.

Бик
Под нечија сугестија остварувате се’ што сте замислиле. Бидете скромни и реални во плановите, златната средина е идеална. Доколку работите околу себе ги доживувате интензивно, можете да доживеете благ нервен слом. Потрудете се да постигнете рамнотежа на телото и духот.

Близнаци
Моментите на задоволство имаат и негативна страна, не ви дозволуваат да напредувате, бидејќи инстинктивно се препуштате на уживањето. Неконтролирањето на исхраната може да донесе повеќе последици. Морате да бидете свесни дека се’, па и среќата е со краток рок на траење.

Рак
Слободните моменти ги поминувате во кругот на семејството. И покрај тоа што се евидентни трошоците, ќе се чувствувате среќно. Самата судбина сака се’ кај вас да се одвива лесно. Потрудете се да не ги повторувате грешките од минатото.

Лав
Среќни сте и задоволни. Сакате да се препуштите на сетилните уживања, а тоа ќе го направите на свој начин – гламурозно. Доколку сте осамени, компензацијата ќе ја најдете во слатките кои на индиректен начин лачат хормони на среќа. Чувајте се од вишок шеќер во крвта.

Девица
Ситуацијата на емотивен план стивна, а вие почнавте да размислувате за се’ околу вас. Партнерот ги изневери вашите очекувања, но не сте разочарани. Задоволни сте и покрај се’, преку глава ви е да бидете жртва, но внимавајте повторно да не згрешите.

Терезија
Се чувствувате фантастично, среќни сте и задоволни. Не размислувате за обични работи и животни проблеми. Насочени сте кон љубовта, уметноста и работи кои ќе ве исполнат. Се’ што е добро има и лоша страна, внимавајте на здравјето.

Скорпија
Работата бара зголемена комуникација, а тоа нема тешко да ви падне. Во добра форма сте и на праг да завршите стар проект. Партнерот ви излегува од контрола, па постојано се нервирате. Не грижете се, тркалото се врти.

Стрелец
Морате да бидете реални кога се во прашање вашите можности. Само така ќе избегнете преценување на сопствената сила и проблемите од нервна природа. Потрудете се да бидете поодлучни ако сакате се’ да се одвива во нормален правец. Придобивате нечија наклонетост.

Јарец
Многумина од вас по којзнае кој пат се наоѓаат во слатка фаза на заљубеност. Морате да расчистите со некои работи и да се приспособите на другите. Ќе бидете среќни и задоволни само доколку го направите тоа.

Водолија
Се’ ви оди од рака, добро се чувствувате и покрај тоа што немате конкретна причина за тоа. Искористете го краткиот прилив на позитивни вибрации за да ги завршите обврските кои долго време стагнираат. Се советува оптимизам во односот со актуелните проблеми.

Риби
Нормална работа е да се препуштите на ситните радости. Ви годи се’ што е убаво, бидејќи чувствувате потреба од одмор и олабавување. Денот ќе го поминете со оние со кои се чувствувате најубаво и, секако, со партнерот. Неизвесноста е зад вас.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>