Top

Хороскоп за петок (23.03.2018)

ОВЕН
Ви недостига самоувереност и оптимизам, па поради тоа сакате од нешто да се откажете. Но, грешите! Мора да бидете трпеливи бидејќи крајниот резултат ќе биде задоволителен. Пријателите ќе ве замолат за совет, па вториот дел од денот ќе го поминете во анализа на нивните проблеми. Бидејќи фантазијата е на високо ниво, бидете креативни и реализирајте ги своите уметнички замисли.

БИК
Благодарение на енормната количина идеи, ќе постигнете завидни резултати на работното место. Задоволни сте и оригинални, па сте посакуван гостин на секое можно место. Денес пријателите ви се на прво место, па постојано сте во нивно друштво. Особено ви годи помладо друштво со оптимистички ставови.

БЛИЗНАЦИ
Постои опасност од површност и брзоплетост. Не ве држи место, немате трпение. Тамам некој ќе успее да ви го привлече вниманието, се случува нешто сосема ново. И сè така со ред. Бидејќи кариерата ви е приоритет, постојано размислувате како да остварите поголем успех. Во дилема сте – дали да ја прифатите понудата за ново работно место или да ја одбиете.

РАК
Избегнувајте непромислени чекори и зборови бидејќи веќе имате лошо искуство со нив. Внимателно со околината, како не би постанале нечија марионета. Не сте ни свесни колку луѓето умеат да бидат злобни. Бидете разумни, како подоцна не би се каеле. Ви претстојат промени на љубовниот статус, и тоа на подобро.

ЛАВ
Проценливи сте и тактични, во поголема мера од вообичаената. Директно или индиректно, ќе ги реализирате своите замисли. Избегнувајте кавги со партнерот. Доколку сте пушач, намалете ги цигарите бидејќи можни се проблеми со дишните патишта.

ДЕВИЦА
И понатаму сте во исклучително хармоничен однос со личности од спротивниот пол. Сè ставате на прво место така да неизвесности не постојат. Можеби претерувате со разумните постапки, па би било подобро да бидете помалку конвенционални, а повеќе да се опуштите и уживате. Возможен е јавен настап или нова работа.

ВАГА
Многу сте вредни, до загрижувачно ниво. Поради член од фамилијата сте особено загрижени. Отворено разговарајте бидејќи ве мачи некое претчувство дека нешто од вас вешто се крие. Можеби причината за недоверба треба да ја барате во фактот дека сте поприлично отворени и не умеете да чувате тајни. Внимавајте на личните документи.

СКОРПИЈА
Размислувате на креативен начин, динамични сте, склони кон различни шпекулации. Денот е во знак на љубовта, но нема да останете рамнодушни ни кон другите аспекти, како на пример забавите и уметничките збиднувања. Доколку некој ви предочи дека сте арогантни, подзамислете се – можеби е во право?!

СТРЕЛЕЦ
Поради природата на работата, голем дел од денот го минувате надвор од вашиот дом. Па, почнувате да им недостигате на домашните. Направете нешто со што би го ублажиле вашето отсуство. Барем јавувајте им се почесто. Главен проблем на денот ќе бидат нервози поради кои ќе се чувствувате напнато. Член од вашата фамилија дополнително ќе ве изнервира. Не се давајте!

ЈАРЕЦ
Истражувачкиот дух настапува на сцена. Така да направете сè за да ја задоволите оваа потреба. Внимавајте со цигарите бидејќи можат да ви создадат здравствени проблеми. Но, и доколку не сте пушач не значи дека нема да имате проблеми со дишните патишта. Внимателно и со документите, бидејќи може да ставите потпис на погрешно место.

ВОДОЛИЈА
Акцентирана е практичната страна од вашиот карактер. Почитувајте ги луѓето и ситуациите од кои би можеле да имате корист. Всушност, вие сте такви, но понекогаш таа ваша карактеристика вешто ја прикривате. Околината честопати греши кога ве доживува како непрактична и несебична личност. Поработете на себе.

РИБИ
Радознали сте, немирни и нервозни. Забележувате дека пријателите го менуваат односот спрема вас, но не знаете зошто е тоа така? Морате да направите една себе-анализа на оваа тема. Можеби така се однесувате бидејќи се чувствувате отфрлено. Правилно искористете ја сета енергија.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *