Овен
Дејствувате активно на повеќе страни. Вашиот труд и залагање ќе бидат наградени. Новите работни контакти кои ги остваривте за кратко време ќе ви бидат од корист. Во љубовниот живот влеговте во ладни води.
Бик
Самоуверено ги браните своите интереси, но постојат дополнителни компликации кои ќе ви го отежнат вашиот живот. Потребно е рационално да ја искористите својата енергија. Партнерот или личноста која ви се допаѓа не ви посветува доволно внимание.
Близнаци
Чувствувате стагнација или потреба психички да се растоварите од напорните обврски. Препуштете им на вашите соработници да го завршат потешкиот дел од работата. Ви се советува да не ги преценувате своите работни способности.
Рак
Чувствувате креативна инспирација и со голема леснотија ги завршувате многубројните обврски. Уживате во друштвото на блиски личности и не сакате никој од страна да го расипе ваквото пријатно дружење. Ќе ширите само позитивна енергија.
Лав
Најважно е да ги рационализирате своите обврски. Во љубовниот живот постепено ќе го загубите интересот за една личност. Ќе чувствувате летаргија и нема да бидете способни ама баш за ништо. Само пријатен разговор и релаксација ќе дејствуваат позитивно врз вас.
Девица
Сакате да напредувате на повеќе страни, но за жал се’ повеќе и повеќе наидувате на пречки. Порано или подоцна ќе морате да се соочите со ваквата ситуација. Не оптоварувајте го вашиот партнер со глупости. Само со такво однесување може да побегне од вас.
Терезија
Очекувате позитивни одговори за да можете да решите повеќе работно-финансиски прашања. Ќе се соочите со некои мали неправди, но за среќа лесно ќе преминете врз нив. Партнерот упорно се обидува да ги сфати вашите намери. Се наоѓате во одлична психофизичка состојба.
Скорпија
Дејствувате привлечно и позитивно на својата околина. Но размислете дали сето тоа е доволно за успех? Ќе наидете и на некои спорни моменти со вашите соработници. За среќа брзо ќе ги надминете. Само во друштво можете да се релаксирате.
Стрелец
Полни сте со самодоверба и одлично ги завршувате сите обврски. Најдобро се чувствувате во друштво кое има слични идеи со вас. Ќе ве зафати романтичен бран, па ќе бидете исполнети со нежност која ќе ја пратите на адресата на својот партнер.
Јарец
Благодарение на добрата работна стратегија, редите одлични резултати. Во љубовта постојано стравувате од нешто. Нема потреба од толку голем страв. Покажете малку разбирање за некои туѓи грешки или емотивни слабости.
Водолија
Сакате се’ да биде во одличен ред, но за жал имате информација дека ви недостасуваат многу работи. Сепак ве очекува некоја ненадејна добивка. Во љубовта ве очекуваат фантастични моменти. Во добра физичка форма сте.
Риби
Добро размислите за своите интереси. Можеби отидовте малку предалеку. Ви се советува да одложите некој финансиски договор. Немате причина да го казнувате лицето кое го сакате, но во овој случај бидете внимателни и со вашето семејство
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!