Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (22.09.2021)

Овен
Без разлика на тоа што некои работи се случуваат многу побавно отколку што планиравте, задоволни сте. Си ја работите својата работа и си го гледате својот живот. И со партнерот сте во добри односи.

Бик
Уживате, како по обичај, во убави работи. Фантазијата денес е главна движечка сила. Затоа, фантазирајте, но внимавајте да не се изгубите во тој нереален свет. Љубовта цвета. Партнерот ве опсипува со неограничена љубов.

Близнаци
Бидејќи добро функционирате, се советува конкретна акција. Повеќе ви одговара да зборувате и да ги раскажувате своите љубовни јадови, кои и ги нема, но самите си ги создавате. Деновиве ќе добиете некоја материјална добивка.

Рак
Сентиментално сте расположени и имате желба на сите да им помогнете. Сепак, обидете се да направите дистанца, со оглед на тоа дека сте емпатични, односно уживате во туѓите проблеми.

Лав
Ситуацијата се менува не само од ден на ден туку од час до час. Моментално сте задоволни и оптимистички расположени. Машките припадници на овој знак ќе тргнат во освојувачки потфати.

Девица
Тргнувате во конкретна акција. Мислите дека таа акција ќе ви ги подобри работните услови, но грешите. Како Казанова, ќе тргнете во нови љубовни освојувања. Само еднаш се живее.

Терезија
Ситуацијата во која се наоѓате е до таа мера комплицирана што никако не ви поаѓа од рака да се приспособите. Бидејќи, по правило, би требало да бидете флексибилни, а не сте, ќе морате да ги справите со последиците.

Скорпија
Се обидувате да ги средите емоциите, но тоа тешко ви поаѓа од рака. Морате да ја разберете ситуацијата и да ги земете предвид сите околности. Само така ќе ги избегнете нервозните ситуации, комбинирани со агресија.

Стрелец
Свртени сте кон убави работи, љубов и уметнички доживувања. Иако среќата кратко трае, ќе биде слатка, бидејќи ќе почувствувате големо задоволство. Ви се враќа самодовербата и на работен план.

Јарец
Се наоѓате во ситуација да креирате доживувања, па ќе се чувствувате добро. Не сте ни свесни дека сте во фантастична ситуација и дека можете да влијаете на непријатните доживувања. Одличен период.

Водолија
Уживате во популарност и среќа. Денот е создаден за љубов, па доколку саканото лице се’ уште не ви изјавило љубов, сега е вистинскиот момент. Ќе ве понесе бран на чувства и нежност.

Риби
Можни се проблеми со спиењето и нервна раздразливост. Мислевте дека самотијата ви беше потребна, но сфативте дека беше сосема доволна. Не дозволувајте да ве обземат лоши мисли, туку тргнете во освојување.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>