Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (21.10.2021)

Овен
Потребно ви е признание за она со што се занимавате, но, сепак, најважно ви е мислењето на саканото лице. Одморете се малку и уживајте во семејната идила. Ќе се чувствувате многу осамено. Во овој период ќе сакате да ги стабилизирате брачно-партнерските односи.

Бик
Кога работите, не знаете да застанете. Потрудете се да го намалите планот за дневни активности и одморете се. Со партнерот се обидувате да најдете заеднички јазик. Бидејќи мислите дека секогаш сте во право, не сте толерантни.

Близнаци
Уметничкиот сензибилитет е изразен, па ќе уживате во убави работи, но ќе ви пречи се’ што не ги задоволува вашите строги критериуми. Може да се појави желба да ги анализирате проблемите со партнерот. Бидејќи некое лице е повеќе затворено, ќе се нервирате.

Рак
Одбивноста спрема работата ќе ве држи неколку дена. Обидете се да изработите минимум од она што морате само за да не седите без работа. Една од причините за мрзливоста е ослабениот имунитет или, пак, има врска со саканото лице. Грешите ако мислите дека партнерот не ви ја возвраќа љубовта.

Лав
Успехот е неминовен, но морате малку да се помачите. Штом ќе го сфатите тоа, ќе ви биде полесно. Не бидете нетрпеливи. Ситуацијата бара повеќе флексибилност, а многу помалку нервоза. Резултатот ќе биде крајно поволен. Некои од вас се чувствуваат исцрпено.

Девица
Иако на прв поглед изгледате ведро, се обидувате да ги прикриете длабоките емотивни преживувања. Да не се вљубивте? Денеска нема да го најдете одговорот на прашањата што си ги поставувате секој момент. Не оптоварувајте се залудно. Забавувајте се со пријателите.

Терезија
Внимание ви посветува лице кое не го сакате. Вие сте во мислите со некого, кој поради одредени околности не може да оствари врска. Мора да се задоволите само со моменти. Ви се смачи од ограничувања во љубовниот живот. Бидете повнимателни.

Скорпија
Одлично се чувствувате. Фантастично функционирате на сите полиња. Задоволни сте на сите полиња. Своето расположение се обидувате да и’ го пренесете на поблиската околина. Ви се случува да им посветите поголемо внимание на лица што не го заслужуваат тоа.

Стрелец
Вклучете се активно во уметничкиот живот. Ќе уживате во убавите и скапоцените работи. Доколку се занимавате со пропаганда, можете да очекувате успех кој е придружен со поголема финансиска добивка. Ќе имате влијание на околината, посебно на некого од кого можете да имате корист.

Јарец
На моменти ви се чини дека работите изгледаат добро и дека се одвиваат со саканото темпо, но одеднаш се’ ви изгледа чисто промашување. Тоа чувство на неизвесност влијае деструктивно на вашиот нервен систем. Слободните ќе ја сретнат љубовта на својот живот.

Водолија
Бидете поголем оптимист. Само на тој начин ќе успеете да излезете од заплетканиот проблем. Доколку си сугерирате себеси дека сте во состојба да го решите, тоа ќе ви тргне од рака. Интроспекцијата не е излишна. Колкав дел од вината е ваш? Тежнеете кон промени.

Риби
До израз доаѓа вашата елоквентност и информираност. Знаете се’ што се случува околу вас. Вие сте вистински советодавец кога станува збор за егзистенцијални проблеми. Љубовта е главната движечка сила и смисла на вашиот живот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *