Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (20.09.2022)

ОВЕН
На работното место очекувајте интересни задачи, кои морате да ги завршите. Тоа ќе го направите со задоволство. Ќе ви годи мирен начин на живот и тоа со одбрани личности. Избегнувајте ги големите друштва. Одморот од обемните обврски ќе дојде во вистински момент.

БИК
Одбирајте работа што можете да ја завршите со помош на домашните и на пријателите. Не сте многу концентрирани, па затоа не работете тимски. Внимавајте на уринарниот тракт. Негувајте го доброто расположение особено кога сте во друштво на партнерот. Ќе ви годи заеднички одмор.

БЛИЗНАЦИ
На работното место се’ оди како што сте замислиле. Бидете посериозни и ќе успеете да ги реализирате плановите. Однесувањето на партнерот ќе ве поттикне на вербални пресметки. Не земајте ги при срце зборовите. Ќе ве вознемири состојбата на една блиска личност.

РАК
Успешно ќе ракувате со знаењето и со имотот на другите луѓе. Насочени сте кон финансиите и тоа добро ќе ви оди. Односите со партнерот не се сјајни затоа поминете повеќе време со него. Внимавајте на угледот. Ќе пронајдете пат до оптимизмот и опуштеноста. Не правете сплетки!

ЛАВ
Бидете дисциплинирани кога е во прашање здравјето. Додека на едно поле ќе назадувате, на друго ќе ви се отвораат нови можности. Нервите ви се чувствителни. Внимавајте на исхраната. Ослободете се од црните мисли, кои се врзани со партнерот, бидејќи се’ се одвива одлично.

ВОДОЛИЈА
Соработниците ќе бидат воодушевени од вашите идеи и ќе ви помогнат да ги реализирате. Бидете доследни на своите изјави и ставови. Избирајте соработници на кои им верувате. Чувајте се од вирози, настинки и проблеми со желудникот. Не започнувајте кавга со партнерот.

ТЕРЕЗИЈА
Немојте долго и беспотребно да полемизирате. И без тоа може да очекувате успех на работното место. Подгответе се за можните редови во банка, пошта или мешаници во сообраќајот. Работете на своето ментално здравје. Не дозволувајте да се изнервирате и бурно да реагирате пред партнерот.

СКОРПИЈА
Пред да го донесете решението, уште еднаш добро размислете. Понудата за ново работно место е интересна, но не од големо значење за вашата иднина. Потиснете ги најдлабоките емоции. Во остварувањето на деловните замисли ќе имате безрезервна поддршка на една личност.

СТРЕЛЕЦ
Она што го сакате не значи да биде исправно. Шефот е разочаран од вас и од вашата неодговорност. Ве очекува голем број непредвидени околности. Подгответе се на изненадувања кои можат да ја подобрат емотивната состојба. Внимавајте на синусите, прстите и рацете.

ЈАРЕЦ
Ќе ве оптоваруваат ситуации од минатото. Нешто на кратко ќе го разниша вашиот мир. Двапати проверувајте ги резултатите од својата работа. Можна е некоја грешка во бројките. Ќе бидете чувствителни на туѓите проблеми. Внимавајте на желудникот и абдоменалните органи.

ВОДОЛИЈА
Извесна е некоја материјална добивка. Очекувајте и понуда за добра заработувачка, која пожелно е да ја прифатите. Некои ќе бидат изненадени од некој луксузен подарок. Внимателно одете по нерамни терени. Патувањата ве прават среќни особено ако се збогатени со интересно друштво.

РИБИ
Денеска сосема случајно може да дојдете во вербален конфликт со еден колега. Но, не вознемирувајте се, бидејќи токму тоа може да ви донесе успех. Бидете трпеливи и истрајни, бидејќи ова е напорен период. Можни се пречки со желудникот. Не кревајте паника без причина.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>