Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (20.04.2022)

Овен
Желбата за доминација и барањата кои во периодов треба да ги исполните ќе ве натераат добро да размислите за вашите постапки. Мора да бидете одмерени и потолерантни, иако тоа се коси со вашата природа. Но, понекогаш треба да одиграте мудро за да извлечете двојна корист која подоцна ќе ви се исплати многу.

Бик
Во фаза сте кога размислувате за бизнис и пари. Иако потешко доаѓате до целта, никогаш немојте да ја губите надежта дека работите ќе се средат. Ја имате поддршката на планетите, па затоа искористете го својот максимум и дејствувајте одлучно. Внимавајте со трошењето, бидејќи апетитите ви се поголеми од можностите.

Близнаци
Постојано сте во потрага по нешто ново. Доколку се одлучите да патувате, во периодов ќе мора добро да ги разгледате сите опции пред да ја донесете конечната одлука. Ќе бидете позадоволни ако се фокусирате кон вашето семејство и пријателите. Кога размислувате на тема што ве прави среќен, сфаќате дека вистинскиот одговор не се наоѓа така лесно.

Рак
Денес вашата љубопитност ќе дојде до израз. Неверојатно, колку ви одговара да разговарате и да и’ објаснувате на околината, иако понекогаш тоа навистина не е потребно. Со лицата родени во знакот на Близнаци ќе имате успешна соработка, под услов да сте подготвени да ги слушате нивните проблеми.

Лав
Пред вас е период кога ќе успеете да постигнете одлични резултати на работното место, но сепак си поставивте преголеми задачи, иако моментно не сте свесни за тоа. Доколку се двоумите помеѓу Скорпија и Водолија, не размислувајте премногу, бидејќи и двата знака не ви одговараат моментно.

Девица
Полека, но сигурно, ги завршувате сите обврски што си ги поставивте пред себе. Ви одговара самотијата, така што нема да и’ дозволите на околината да навлезе во вашиот свет. Размислувате за патување и сакате да побегнете од досадните објаснувања со кои се соочувате во последниов период. Можни се здравствени проблеми поврзани со црниот дроб.

Вага
Не сте задоволни од себеси. Ви недостига цврстина и упорност за да се изборите за она што навистина ви значи. Најлесно е да се жалите и да плачете, но подобро би било ако почнете да размислувате за ваше поактивно гледање на работите. За да дојдете до крајната цел за која се борите, ќе мора да научите повеќе да работите, а помалку да зборувате.

Скорпија
Свесни сте дека моментно се’ што се случува на емотивно поле претставува вистинска заблуда, со која нема да успеете лесно да излезете на крај. Разочарувањето е неизбежно, иако во неколку наврати сте биле предупредени дека може да дојде до тоа.

Стрелец
Особено сте активни и затоа ви претстои интересен ден. Би било убаво доколку најдете малку време и за одмор, бидејќи секој организам има потреба за тоа. Поседувате одлична моќ за регенерација, но не дозволувајте на моменти да западнете во криза. Кога се парите во прашање, ќе мора да се стрпите и да се подготвите за подобри денови .

Јарец
Кој се надева премногу, на крајот може сериозно да се разочара. Можно е да доживеете непријатност со една блиско лице кое сте го сметале за пријател. Партнерот, исто така, ќе се потруди да ви го загорчи животот со своето постојано жалење за проблемите. Потпрете се на сопствениот потенцијал и ќе видите дека може да се постигне задоволство.

Водолија
Уживајте додека имате можност за тоа. Среќата ве следи на секој чекор, независно дали ја барате или не. Со лицата родени во знакот на Лав се трудите да се согласите, но тоа не ви оди баш најдобро, затоа одберете да се дружите со Стрелец или Рак. Во нивно друштво ве очекуваат незаборавни моменти, а вам ви треба повеќе задоволство, а помалку проблеми.

Риби
Сериозен пристап кон работите може да ве направи среќни. Доколку планирате посета на лекар или на некоја затворена установа, вистински момент е да го направите тоа. Во останатите сегменти од животот постојат само разочарувања, па можеби е време од корен да ги промените пријателите и старите навики. Љубовта е во втор план, а комуникацијата ќе го достигне максималното ниво.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>