Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (19.08.2022)

ОВЕН
Се плашам дека вашето однесува денес ќе биде прилично непредвидливо и ненадејно променливо, а ќе започне со некакво тесноградие, инсистирање да биде по ваше иако ви се предлагаат и подобри солуции, значи и нетрпеливост, избувливост. Се до некаде на пладне кога поради некого или нешто што ќе ве релаксира и разнежи, па ќе се претворите во суштество кое е смирено, мирно, задоволно, полно со разбирање за другите. Разнежувањето доаѓа поради пофалба, промоција, на некаква ваша идеја, план, од некој кој го сметате за значаен, моќен.

БИК
Можеби некаква ситна нервоза од наутро која не може да ви го загрози денот, но затоа неколку аспекти можат да ви го разубават иако објективно не е ваш период. Партнерот има некакво ситно изненадување за вас, можеби не во материјална смисла, туку како некое застапување, поддршка, став кој е сериозен и тежок што може и да ве изненади. Изненадување и од количеството на чувства од негова страна и таквата манифестација, а денес сте меѓу саканите изгледа во зодијакот, многу пријатели ќе ви се јават, без конкретна причина, едноставно, ќе сакаат да се чујат со вас.

БЛИЗНАЦИ
Во астрологијата велат дека Уран е повисока октава на Меркур, а тоа вас директно ве засега, посебно што Меркур, секојдневниот ум и Уран повисокиот ум, ќе бидат во поволен аспект, значи дека и вам може да ви се разведри не само денес туку и неколку дена понатаму, посебно на планот на идејноста, комуникациите и на односите со партнерот или некој во јавноста, или она што вие го сметате за јавност. Значи можности многу, можеби и некое патување, можеби закажување посета, можеби некаков физички ангажман, најчесто некаква спортска активност која е добредојдена во овие денови.

РАК
Интересно ќе помислите дека денов е се само, не добар ако судите според односите на деловен план од утрото. Но до пладне односите можат дијаметрално да се променат, можни се и некакви убави најави, промени. На партнерскиот план може да не биде се така розово, но под услов да не сте во добри односи со партнерот од поодамна, тогаш можни се ослободувања од некакви притисоци и репресии, што во суштина е добро за вас, но од друга страна значи крај на врската, односот или во поретки случаи и на бракот. Индикативно за последниве нешта се следните неколку дена, што значи и викендот.

ЛАВ
Имате денес големи активности на партнерот, па оттаму вашето внимание ќе биде насочено на тој план, иако утрото може да бидете и изнервирани или фрустрирани поради некаков негов гест или постапка, кажување. Пладнето е индикативно за промена на тој план, можеби извинување кое ќе ви даде сатисфакција, па и вие ќе се “расквасите”, ќе ја промените концепцијата на однесување, па светот ќе стане поубаво место за живеење. Убави можности за завршување на некакви работи на административен план или пак на конструктивност и одлични идеи на планот на некакви преговори, договори, закажувања средби или состаноци.

ДЕВИЦА
Денес е значаен ден за вашиот знак, бидејќи е активен Меркур. Иако така нема можеби да ви изгледа од утрото, денес се можни обезбедувања на поддршка, поткрепа или помош за некакви ваши нови започнувања, било да е тоа на морален или материјален план, и тие се добиваат ненадејно, кога најмалку се надевате и што е најважно да разберете, кога веќе ви е сеедно, оти сте загубиле секаква надеж. Значи не очекувајте, не се надевајте, ќе ви се случи. Сексот денес ќе го практикувате со намера.

ВАГА
Прилично густ денес денот, но можеби и не така лош, што секако зависи од вашите лични хороскопи, но и односи, најпрво со партнерот. Ќе бидете изненадени или од себеси или од некој кој е покрај вас во животот, и тоа со некаков вид комуникација, предлог за некакво заедничко дејствување, некаква нова перцепција на работите. Ова нужно и не мора да биде со епитетот добро, посебно ако партнерските односи не се добри. Едноставно може да дојдете и тоа доста ненадејно до одлука дека вашиот однос веќе и не мора да постои.

СКОРПИЈА
Денес утрото ве очекуваат доста непријатни изненадувања и емотивни изблици на гнев, фрустрираност и вознемиреност, посебно ако треба да излезете нешто порано, а на овој студ автомобилите, посебно електро инсталацијата, знае и да откаже. Но кон пладне може да ви се подобри расположението, посебно со некакви ситни дневни успеси и постигања ако занимањето и професијата бара од вас брзо забележување, проникливост или многустраност.

СТРЕЛЕЦ
Прави го она на другите што сакаш тие да ти го прават. Значи ако сакате независност и слобода и сакате другите да не си го пикаат носот во вашите работи, тогаш ќе мора истото да го правите и вие кон другите, да им дадете простор за размавнување, а ова посебно го потенцирам кога се работи за вашите деца и најмили, кон кои имате чудна тенденција да ги контролирате и што пак ја манифестира вашата скриена несигурност. Истото се однесува и на чувствата кои ги имате кон другите, а тоа не значи дека треба да го контролирате секој чекор на саканата личност.

ЈАРЕЦ
Можеби ќе се засили вашата тенденција за самостојност што подразбира можеби и одредена напната ситуација или однос со едниот родител, и тоа оној кој е попотресениот, позагрижениот и секако подосадниот бидејќи својата грижа ја ставаат како најважна работа на светот. Се надевам дека не сте таков родител, а ако сте веќе родител и имате нешто поголеми деца, убаво би било да се преиспитате себе, посебно ако имате зачестени реакции од нивна страна, па и од пријателите.

ВОДОЛИЈА
Утрото според аспектите може да ви е доста напнато и да имате ненадејни прилично сурови емотивни изблици поради утринска нервоза, која е резултат на начинот на живеење и секако работење, немање соодветни инфраструктурни европски услови, а работење по европски стандарди, што подразбира европски тајминг и социјалистички навики. Да не набројувам што може се утрото да ви се случува, од автомобилски проблеми, до влечење на деца и давање некаков отпор за ова или она. Пладнето многу подобро, повесело. Така би требало да биде и во неколку следни дена.

РИБИ
Уран денес е многу активен, наутро има еден прилично тврд аспект со Месечината што претпоставува лоши и ненадејни нешта на ниво на нечии чувства кон вас и пари, лоша комбинација нели, што претпоставува некакви побарувања и ќе се пледира на чувствата што се имаат кон вас, значи од партнерот, децата, некој од семејството, а кога тоа се случува рано наутро како да сте ставени пред свршен чин што не го сакате. Од друга страна подобриот аспект се случува околу пладне и е силен, нежен, но моќен, ќе трае неколку дена, значи убави околности на деловен план и некаков прилив во финансиска смисла на зборот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>