Овен
Овие денови функционирате под силни емоции, но морате да внимавате бидејќи тоа може да ве доведе до фатални грешки. Потрудете се да се дистанциарте од соработниците бидејќи тие никогаш нема да се сложат со вас. Психосоматските болести можат да настанат како последица на пречувствителноста.
Бик
Се наоѓате пред значајни животни промени кои ќе ги прифатите како од шала. Загрижени сте поради дволичноста на соработниците и конкуренцијата. Вашата непогрешлива интуиција секогаш е во право. Избегнувајте алкохол и антибиотици, тие делуваат иритирачки на вашиот ионака надразнет нервен систем.
Близнаци
Бидејќи себеси си зададовте многу цели морате да бидете трпеливи и да функционирате на долги стази. Се советува тимска работа, доколку не сте паметни може да настане и конфликт. Не ги проценивте добро сопствените можности а заморот е последица на тоа. Очекувајте повик од стара љубов но бидете внимателни.
Рак
Се наоѓате пред нов животен циклус. На прв поглед делувате исплашени и слаби. Новата работа нуди шанси за заработување и стекнување на материјални добра. Не е се во парите, но без нив не се може. Конечно излегувате од кризата, се опоравувате благодарение на подобрената исхрана. Извесна личност ја менува вашата животна насока а вие не сте свесни за тоа бидејќи сте заљубени „до уши“.
Лав
Убаво се чувствувате а уште поубаво изгледате. Наредните денови ве очекува исклучително успешна соработка. Во одлична состојба сте, среќни и задоволни. Не претерувајте со храната и пијалоците, ти лошовлијаат на вашата здравствена состојба. Голем дел од припадниците на знакот се заљубени и спокојни. Доколку размислувате за потомство, ова е вистински момент.
Девица
Потрудете се добро да ги разработите сите планови кои ви паѓаат на памет. Иако по природа сте истрајни, се се одвива споро. Трпението почнува да ве издава, па морате малку поинаку да си го организирате времето. Можни се проблеми со грлото, затоа избегнувајте ладни напитоци.
Терезија
Влеговте во активен и комуникативен период. Заинтересирани сте за многу работи и се трудите да ја задоволите сопствената радозналост. Искористете ја креативноста и смислата за перфекција на адекватен начин. Телефонски повик од личност на која интензивно мислите ќе ве доведе до фатална средба.
Скорпија
Бидејќи вашата енергија моментално е истрошена, правите невозможни работи. Моралната нестабилност и свесност за ситуацијата ве прават раздразливи па затоа можни се проблеми со главата кои се јавуваат како последица на временските промени. Обновувањето на старата врска ќе ве наполни со енергија.
Стрелец
Силни сте и истрајни, токму поради тоа чувствувате дека можете да ги решите сите проблеми околу вас. Немилосрдни сте кон околината, но сметате дека предолго трпевте и не можете повеќе да издржите. Важно е дека тргнавте во акција а тоа може да вроди со плод. Здравјето не е за пофалба, но морате да бидете храбри и да посветувате повеќе внимание на себе.
Јарец
Насочени сте кон себеси и професијата, немате време за ништо а тоа е сосема погрешно. Слободните моменти ги поминувате во друштво со пријателите кои од ден на ден се се помалку. Немате ни време ни сила за тоа да ве оптеретува било кој. Доколку од одредени личности не можете да извлечете корист потрудете се да ги избегнувате.
Водолија
Иако сакате да оставите добар впечаток, тоа тешко ви оди од рака бидејќи сте многу нервозни и напнати. Не барајте виновник во околината, тие само се трудат да ве истрпат. Тешко ви е во последно време да се прилагодите на осцилациите и случувањата. Креативната особина е нагласена. Здравејто е одлично, продолжете да спортувате.
Риби
Можна е нова понуда за работа, не двоумете се. Заборавете на неуспесите и препуштете се на ситни радости. Партнерот ќе биде нежен кон вас, но мора да бидете трпеливи. Најдете нова преокупација, на пример пријателите и врската ќе биде подобра. Проблемите со бубрезите набрзо ќе бидат минато, нема потреба за паника.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!