Овен
Потребно ви е малку време за своја душа. Се ангажирате за други, посветени сте на работата, па ги занемарувате своите суштински потреби. Слободните моменти поминете ги во нешта што ви прават задоволство. Целосно исклучете се од другите обврски, така ќе се релаксирате.
Бик
Финансиската ситуација е благо критична, така што сите мисли и енергија се насочени кон неа. Мора да бидете внимателни кога е во прашање трошењето пари и потпишувањето чекови. Можни се стомачни проблеми, и тоа е поради погрешна исхрана.
Близнаци
Успешен ден за разни трансакции, игри на среќа и берзански шпекулации. Финансиската ситуација се подобрува. Можеби токму поради тоа добро се чувствувате. Партнерот ве опсипува со поголемо внимание отколку што сте заслужиле.
Рак
Припадниците на знакот се свртени кон практични нешта и затоа може да имате проблеми, за разлика од оние помалку практичните, кои се занимаваат со уметност и паранормални феномени. Раковите што функционираат на груб материјален план тешко ќе си објаснат зошто им се случуваат непријатни работи.
Лав
Имате сила и желба да се изборите со актуелниот проблем кој објективно постои. Успешни сте како на работа така и во приватниот живот. Опасноста може да се јави во вид на желба за доминација и тврдоглавост. Внимавајте од повреди, посебно во сообраќајот. Смирете ја топката.
Девица
Потребни се многу сила и нерви за да можете да работите, а вие моментално сте многу изнемоштени. Поради тоа моменталната ситуација ја доживувате како стапица. Се советува одмор и разонода. Работата може да почека поповолен момент.
Терезија
Успешен ден е пред вас. Се наоѓате во состојба кога можете активно да влијаете на случувањето и од животот да го земете она што ви треба. Доколку мислите дека се’ се врти околу парите, се лажете. Има толку работи кои можат да ви го разубават животот, љубовта, на пример.
Скорпија
Полни сте со сила и желба таа сила да ја употребите на адекватен начин. Постои опасност од повреди бидејќи поради намаленото внимание и лошата концентрација може се’ да се случи. И вербалните конфликти се во игра. Само одмерено и со разумни гестови.
Стрелец
Во фаза сте на силни емотивни преживувања, па по малку сте загрижени. Тоа е нормално, бидејќи многу очекувате од извесна ситуација. Што и да се случи, конечниот расплет ќе биде следниот месец. И покрај се’, пред вас е успешен ден, а главниот акцент е врзан за љубовта.
Јарец
Пречувствителни сте, сакате да се карате. Јазикот ви е побрз од паметот. Не дозволувајте поради погрешно изговорените зборови да дојдете во непријатна ситуација. Оној со кого може да се случи тоа е човек што не заборава лошо. Не е пожелно да се објаснувате.
Водолија
Во потрага по промени, се одлучувате за пат или за нова активност. Трпеливо и истрајно ги завршувате работите што се собраа во меѓувреме. Кој ви е виновен, кога само започнувате се’, а ништо не завршувате. Ви годи самотијата, така што слободните моменти со задоволство ги минувате во тишина.
Риби
Свесни сте за работите кои треба да ги извршите и тоа го правите без паника. Со самото тоа ви е потребно помалку време, а резултатите се видливи. Партнерството, јавноста и разните видови комуникација, исто така, се во игра. Од моменталната ситуација извлекувате максимум.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!