Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (16.09.2022)

ОВЕН
Генерално добро се чувствувате, но можни се повреди од различен вид, судир со законот, но и внатрешни незадоволства. Ова последново е најопасно, зашто полека се таложи и влијае врз здравјето. Психата е на удар, па и склоноста кон болести од овој тип.

БИК
Друштвената црта на карактерот е изразена, па обидете се да ја остварите. Кога ќе си зададете некоја обврска, нема сила што може да ве спречи во нејзината реализација. Ви одговара друштвото на истомисленици, особено ако во вас лежи уметничка нитка.

БЛИЗНАЦИ
Напнатоста и стресовите во љубовниот живот можат да ве доведат до разделба. Дали партнерот е вистинската личност? Се сомневате дека грешите во нешто, а најлошо е што немате храброст да преземете конкретен чекор.

РАК
Се чувствувате одлично. Ќе се опуштите по многубројните обврските во изминатава недела. На емотивен план почнува да ви се случува нешто убаво. Планетите малку доцнат со исполнувањето на желбите, но во животот ви го носат она што најмногу ви треба- љубовта.

ЛАВ
Ќе ја сфатите трагичноста на еден однос, па обидете се да излезете од него на најбезболен начин. Ќе биде тешко, можеби и потешко отколку што очекувавте, зашто се укажува на тоа дека во прашање е лоша комбинација, а вие сте незадоволни.

ДЕВИЦА
Ви треба екстра енергија за да ја преминете пречката што се наоѓа пред вас. Прашање е колку имате желба да ја надминете кризната ситуација. Ја немате поддршката од партнерот, а тоа дополнително ве нервира. Препуштени сте самите на себе.

ТЕРЕЗИЈА
Ќе го минете викендов во друштво на луѓе, сјај и луксуз. Имате изразени уметнички склоности, па ви пречат сите останати ситуации кои не ги исполнуваат вашите строги критериуми. Ќе започнете нова љубовна врска или ќе ја зацврстите старата.

СКОРПИЈА
Се расправате со партнерот, а бидејќи сте пречувствителни на неговите критики, имате уште посилна причина за нервоза. Размислете дали ви треба сево ова? Дистанцирајте се од него извесен период и со ладна глава размислете за тоа што ви се случува.

СТРЕЛЕЦ
Благодарение на позитивниот пристап кон животот и решавањето на деловните проблеми, се наоѓате во фаза на стекнување добра. Борбата за моќ во областа за која моментално сте заинтересирани – се исплати. Ќе минете супер со Лавови и Овни.

ЈАРЕЦ
Поемотивни сте отколку што би требало да бидете. Ги барате грешките и таму кај што ги нема, а тие првенствено се однесуваат на децата и партнерот. Пожелно е да се занимавате со спорт за да го потрошите вишокот на енергија.

ВОДОЛИЈА
Постојат морални норми, зар не? Иако сте по природа алтруист, размислете дали некаде грешите, па обидете се да се поправите. Правдата е бавна, но достижна. Одбегнувајте ги конфликтите, посебно со лица родени во знакот на Овен.

РИБИ
Имате силна желба за доминација. Бидејќи повеќемина припадници на знаков не се свесни за сопствените слабости, ќе влезете во проблеми. Доколку ги немате, пак, во вас превладува духовната компонента на личноста, а материјалната страна е во тој случај занемарена.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>