Top

Хороскоп за понеделник (15.11.2021)

ОВЕН
Мисловниот процес е интензивен, па затоа своите планови ги претворате во дела. Доколку научите да го користите своето искуство, а не инстинктите, постојат големи шанси за успех. Во спротивно, ве очекуваат изгубени надежи и психички притисок. Постои решение, но мора да бидете трпеливи и да го почекате вистинскиот момент.

БИК
Се чувствувате потиштено. Но, не постои причина за грижа, бидејчи промената во расположението е нормална, со оглед на околностите. Ако мислите дека сте заслужиле повеќе отколку што добивте, се лажете. Причина за нерасположението се и проблемите со хормоните или жлездите.

БЛИЗНАЦИ
Неуморни сте и секој момент го користите за шетање. Не сакате ни за момент да се опуштите и да си посветите време себеси. Нервозата е особено изразаена, па затоа е пожелно малку да се опуштите. Одлично ви оди комуникација со лав. Намалете со цигарите и виното.

РАК
Спас од емотивното незадоволство и неисполнетост барате во храната. Таа ви помага во лачење на хормонот на среќа. Бидете помалку субјективни и ранливи и сфатете дека кризата низ која поминувате му се случува секому. Не сте исклучок.

ЛАВ
Пречуствителни сте, па затоа посегнувате кон лекови за смирување. Подложни сте на влијанијата на околината, па затоа ви се препорачѕва дружење со ведри луѓе. Советите се еднотавни: aко ги послушате, полесно ќе излезете на крај со моментално најкомплицираната личност, односно со себе.

ДЕВИЦА
Ви годи самотија. Ако сте во друштво, се држите на дистанца и ги слушате другите. Поради некоја причина сте потиштени и несигурни. Можеби читате меѓу редови еден лав, но не анализирајте детали. На тој начин само си го комплицирате животот и го продлабочувате јазот со саканата личност. Важни се делата, не зборовите.

ВАГА
Се чувствувате како издишан балон. Драги Ваги, секој ден не е Велигден. Мора да се стабилизирате и да обратите внимание на вашето здравје. Периодов се исфорсиравте, па поради тоа вашиот организам почна да страда. Јадевте премногу благи работи или не спевте доволно? Веројатно и двете.

СКОРПИЈА
Веќе немате сили бидејќи целата енергија ја истрошивте. Затоа веднаш одморете се. Спијте повеќе, бидете попасивни, гледајте телевизија или читајте книга. Доколку размислувате и се оптеретувате со нешта кои треба да се случат во иднина – само си правите дополнителни нервози. Опуштете се и уживајте. Сè ќе биде во ред!

СТРЕЛЕЦ
Кога би можеле да ги реализирате барем 50% од идеите кои ви минуваат низ глава, би било одлично. Имате милион планови, но премногу сте нетрпеливи кога нивната реализација е во прашање. Постои зголемен ризик од вируси и инфекции на здравствено поле, па затоа бидете внимателни и престојувајте во проветрени простории.

ЈАРЕЦ
Се соочувате со болест или емотивен пад. Бидејќи манифастацијата на овие проблеми е површна, топол совет е да направите подетална анализа или да побарате помош од соодветни лица. Применете го овој совет, за подочна да не се каете и мачите. Во секој случај – потребни ви се промени.

ВОДОЛИЈА
Ви претстојат многу пријатни изненадувања, возбудливи случувања и спонтани одлуки. Сите ви завидуваат на начинот на кој фунционирате и како се снаоѓате со сите обврски. Умерена тензија е нешто без кое денот не ви минува. Избегнувајте непромислени фрази.

РИБИ
Најдобро е да ги реализирате своите амбиции и паметните потенцијали. Во спротивно, ви се закануваат психосоматски болести кои можат да го загрозат вашето функционирање. Ова сфатете го како добронамерна опомена. Дел од Рибите кои се на вистинскиот пат нема да се соочат со вакви проблеми. Но, за жал, тие се малку.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *