Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (14.06.2021)

Oвен
На прв поглед функционирате одлично. Но, кога ќе се задлабочите во случајот, тогаш станувате се’ повеќе незадоволни. Се’ се одвива бавно, но не грижете се – времето работи за вас. Свртете се кон уметноста.

Бик
Бидејќи се евидентни проблеми на ниво на личноста, обидете се да се осамите и да размислите каде грешите. Одморете се и реално проценете ги сопствените можности. Само така ќе ја надминете моменталната криза.

Близнаци
Можна е опасност од повреди, операции или судири со некои униформирани лица. Се советува дополнителна претпазливост, особено почитување на законските норми. Ако се придржувате до овие совети, ќе ги надминете проблемите.

Рак
Бидете трпеливи кога станува збор за вашата желба за докажување на квалитетите. Доколку се наметнувате, лесно можете да влезете во расправии со соработниците. Моментално ве нервира една ужасна личност. Што подалеку од неа.

Лав
Убаво се чувствувате под услов да сте свртени само кон оние работи кои ви причинуваат задоволство. Работите доцнат, партнерот ве нервира, парите никаде ги нема. Потрудете се на секој можен начин да го подобрите расположението.

Девица
Ако сакате да постигнете видливи резултати, морате самите да се потрудите. Имате чувство дека ништо не паѓа од небо. Бидејќи денес ви годи еден вид самотија, обидете се да се изолирате. Ќе ги наполните батериите и ќе бидете подготвени за нови победи.

Терезија
Настапуваат тешкотии, без разлика дали станува збор за вашата работа или здравје. Пожелно е да се занимавате со каква било физичка активност ако сакате да ја подобрите ситуацијата. Подгответе се за средба со некои драги личности, кои постојано мислат на вас.

Скорпија
Среќни сте. Кој е заслужен за насмевката која никако да се симне од вашето лице? Уживајте во прекрасните моменти, бидејќи ваквите можности ретко се укажуваат. Не растурајте ги емоциите, ограничени се.

Стрелец
Конечно, најдовте време за убави работи. Работата денес е во втор план, а некој ќе се обиде да ја разбуди вашата фантазија. Имате желба убаво да изгледате за да можете полесно да го освоите саканото лице. Поработете на тоа.

Јарец
Имате потреба другите да ви посветуваат неограничено внимание. Тоа сите го посакуваме, но кај вас е премногу изразено. Бидејќи сте со променливо расположение и чувствувате недостиг од љубов, побарајте спас во работата.

Водолија
Оптимистичкиот пристап кон проблемите е нагласен, па лесно ќе ги решите сите тешкотии. Доколку сте во можност да решавате некое семејно прашање или да се адаптирате на животниот простор, сега е вистински момент.

Риби
Работно сте ангажирани и вредни. Всушност, работата е одлична компензација за емотивното незадоволство. Кога работите, немате време да размислувате за проблемите… Корист можете да имате само доколку се потпрете на сопствените сили.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *